Бојан Јовановски не се откажува од брендираната гардероба
Тој на едно од последните рочишта се појави во блуза од познатиот бренд Ралф Лорен која чини 398 долари.
Во прашање е џемпер со популарното мече кое брендот го става на многу свои парчиња. Приказната со ова мече започна во 1991 година откако вработените во Ралф Лорен на својот шеф и неговиот брат Џери му подарија како подарок плишани мечиња направени од познатата германска компанија за играчки „Steiff“. Лорен беше толку воодушевен од овие мечиња, што реши да стават исти мечиња на продажба облечени во облека направена во нивните фабрики.
Првите 200 мечиња беа направени и за само еден викенд беа продадени во нивната продавница во Медисон Авенија.
По ова, брендот мечето почна да го става насекаде – на блузи, кап, тексас јакни, вратоврски.. Мечето нема име, но и денес е популарно и го има насекаде.
Боки својот модел го носеше на рочиштето на кое продолжи презентацијата на луксузните парчиња облека кои беа запленети во неговиот дом. На судењето беа прикажани парчиња од најпознатите дизајнерски модни брендови како „Луј Витон”, „Версаче”, „Долче и Габана”, „Диор”, „Викторија Бекам” и многу други. Меѓу запленетата гардероба е и сребрената наметка од „Луј Витон” која Боки 13 ја носеше на доделувањето на наградите „Story”.
„Костимот кој што го носам на себе е инспириран од приказната, од делот од ‘Волшебникот од Оз’. Тоа е од последната колекција на компанијата ‘Louis Vuitton’, но има друга симболика. Имено, сите средства купени од оваа последна колекција одат во борба против тероризмот и насилството. Пораката зошто јас го носам сево ова е голема. Бидете живи и здрави и гледајте 1ТВ“, појасни тогаш Јовановски, а потоа се дозна дека наметката чинела неколку околу 8.000 евра.
Louis Vuitton
Погледнете неколку модели со ова мече од познатиот бренд: