На скапоцениот подарок требало да ги има иницијалите З.М.
На едно од последните рочишта за случајот Рекет се спомена и „Ролексот“ што Боки го купил за трето лице.
Во прашање е часовник „Ролекс Дејтона“ што Бојан сакал да го купи од извесен Петар. Во пораките тој од него на српски јазик бара мислење дали тоа е вистинскиот часовник што го бара како и за сумата што би требало да ја плати. Во една од пораките како цена пишувало 74.500 евра.
Потоа, истиот Петар го прашува дали треба да се изгравира нешто на скапоцениот часовник, а Боки преку порака му враќа дека треба да стојат иницијали З.М.
Боки во Шутка без гардероба!
Инаку, на едно од последните рочишта во предметот „Рекет“ беше презентирано што се обвинителството одземало од претресот во домот на првообвинетиот Бојан Јовановски. Па така обвинителката Ивана Трајчевска спомена дека биле одземен перници „Зебрано“, скапоцени капути, тренери, кондури, патики, десетици чанти, накит, ремени и часовници од кои три од марката „Ролекс“.
При презентирањето на одземените парчиња облека, Боки се пожали дека е оставен без гардероба и дека тоа е преседан. Покрај облека, од неговиот дом биле одземени и фискални сметки за купената облека, како и една круна.
Најевтиниот е 5000 евра
Ако некогаш сте се прашувале зошто часовниците Ролекс се толку скапи, не заборавајте дека во прашање е еден од најбараните брендови – можеби и единствениот бренд во светот кој има своја многу специфична и препознатлива естетика. Тие се спортски, активни, но и служат како алатки. Постојат дурии гласини дека часовник произведен од „Монтрес Тудор СА дизајн“ мора да биде препознатлив од шест метри за воопшто да ја напушти фабриката и за да може да се нарече Ролекс дизајн. Нивниот 904Л челик е толку познат и прекрасен затоа што тоа е многу поскапа верзија од овој метал, која многу тешко се произведува. Ролекс компанијата има својата лабораторија каде врвни техничари посветено работат на еволуција и подобрување на нивните механизми. Буквално целиот часовник, од нараквицата до целиот механизам, се прави рачно, па така дури и златото што го користат се произведува во нивната лабораторија.
Целата суштина со Ролекс часовниците е ако сега купите еден, ќе ви трае 20 години доколку внимавате на него. Но тој ќе ви трае 100 години ако навистина се грижите за него. Тоа всушност е и причината за нивната висока цена, бидејќи купувате нешто што ќе ви трае до крајот на животот и можете да го пренесете на следните генерации. Па така на пример пред само неколку години винтиџ моделот од „Ролекс Дејтона“ што го носеше славниот холивудски актер Пол Њуман беше продаден на аукција за 17.8 милиони долари.
ROLEX Cosmograph Daytona – $39,350.00
Моделот „Сабмаринер“ чини 8000 долари. Најевтиниот часовник од овој бренд „Ојстер Перпетуал“ чини 5000 долари. Часовниците се навиваат автоматски, водоотпорни се и прецизни. За нивната изработка потребна е година дена и секој примерок минува низ детално тестирање.
Еве некои од нивните најпознати модели: