Нема да ви се верува колку потрошила Цеца само за овој моден детаљ – фолкерката не штеди пари, погледнете што има во плакарите
Познатата пејачка не жали пари кога е во прашање модата
Познатата фолкерка Светлана Цеца Ражнатовиќ отсекогаш носела облека и модни додатоци според поседната мода, а во своите плакари има голем број модели од најпознатите светски модни брендови кои вредат цело богатство.
Нејзините комбинации многупати се и подобри од оние на познатите светски ѕвезди, а понекогаш дури и поскапи.
Впрочем така беше и овој пат кога на снимањето во „Ѕвездите на Гранд“ се појави во уште едно издание за кое сите зборуваат.
Имено, познатата пејачка овој пат избра светкаво сако и црни панталони, а целото издание го зачини со плико чанта.
Во прашање е мала чанта од кадифе од познатиот светски бренд „Гучи“ (Gucci Dionysius black women’s letter bag) која според податоците на една интернет страница која што будно ги следи модните комбинации на познатата пејачка, чини 941 евро, односно речиси 60.000 денари.
https://www.instagram.com/p/Cbx1sNSrDR5/
Но ова не треба воопшто да не чуди бидејќи Цеца во своите плакари има и многу поскапи модели.
Еден таков е и популарната „Биркин“ чанта каква што има и Карлеуша, а која чини неколку десетици илјади евра.
Покрај овој примерок Цеца има и многу други скапоцени модели речиси од сите попознати светски дизајнери.
Еден од нив е и класичниот модел од „Шанел“ од колекцијата за есен/зима 2021 за која Цеца потроши преку 2000 евра.
Покрај оваа чанта, таа има и еден модел во сина боја кој на интернет може да се најде по цена од 4800 долари.
Крокодилска кожа
Сепак можеби еден од највредните примероци во плакарите на Светлана Цеца Ражнатовиќ е бордо моделот од познатиот бренд „Hermes“ направен од крокодилска кожа, кој пејачката исто така го носеше со светкаво сако.
Посебни ако земеме во предвид дека истиот е наменет само за вип клиенти и може да достигне цена поголема и од 50.000 евра.
Погледнете ги и останатите модели на скапоцени чанти што Цеца ги има во своите плакари.
Цеца носи чанта Mary Katrabtuou x Bvlgari Top Handle (2.468€) од Bvlgari. Накитот е од Chanel и вкупно чини 20.000€
Цеца со чанта од Fendi Large sunshine 2.740€
Чанта од Ysl од крокодилска кожа – 2.431€
Themoire croc-effect clutch bag 246€
Цеца во ова издание носи длабоки чизми од Jimmy Choo (stars glitter knee-high Mavis boots 1358€), црн комплет (сако и фустан) од страницата @andajlondon и чанта од Jimmy Choo Lizzie Prince of stars clutch bag 825€.
Цеца во чанта од Louis Vuitton handbag “CAPUCINES BB„ collection 2016 2.800€.
Очила за сонце Brown tortoiseshell sunglasses 552€ од Chanel, чанта од Loius Vuitton Monogram Pochette 1.486€.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ