Нема да ви се верува колку потрошила Карлеуша само за хеланките – ПОГЛЕДНЕТЕ и како твepкyва, гopи Инстаграм (фото)

Карлеуша во издание од кое боли глава!

Една од најпознатите пејчки на Балканот, Јелена Карлеуша, настапи во Мостар и направи хаос во дискотеката како со музиката, така и со своето посебно издание.
Екстравагантната Јелена Карлеуша за оваа пригода носеше гламурозни парчиња од Версаче од глава до пети. Таа само за хеланките и горниот дел од колекцијата „Barocco goddess“ на споменатиот бренд издвоила преку 1000 евра, а ако на оваа сума додадеме и 1200 евра колку што чини и чантичката „Медуза“ од истиот бренд, како и уште толку и за сандалите тогаш, ќе заклучиме дека Карлеуша во ова фантастично издание вложила преку 4000 евра.

Инаку, балканската поп дива пред само неколку дена позираше во истите сандали и со истата чантичка, но во фустан со нејзин потпис. Таа и тогаш привлече внимание со својот необичен изглед, но и овој пат, на настапот во Мостар, посебно кога се сврте и почна да тверкува пред публиката.

А колку нејзините бројни фанови ја обожаваат заради ваквите нејзини екстpaвагантни изданија зборува и еден коментар на кој случајно налетавме под овие нејзини фотографии на социјалните мрежи.


Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

„Карли е доказ дека и покрај медиумскиот притисок, сопките, лажните наслови, сатанизирањето на една жена каде повеќето би паднале и би изгубиле волја, со помош на својата енергија, и нас кои што ја сакаме се издигнува секогаш како Феникс од пепелта. Таа е со стотина години пред сите. Мајка на шоу бизнисот“, пишува еден корисник на социјалните мрежи.

Повеќе фотографии од ова издание на Карлеуша, и како таа изгледше додека тверкyваше, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша