Нема да ви се верува колку потрошила за овие грди сандали – беа хит во Југославија, а познатата фолкерка и сега ужива во нив!
Пејачката Ана Севиќ сака да се дотерува и пред своите фанови да се пофали со новите работи што си ги купила.
Но со последната фотографија Ана ги шокираше своите фанови, посебно со коментарот што го остави.
Имено, Ана на Инстаграм објави сандали во кралска сина боја, од еден од најлуксузните брендови на светот.
Таа потоа напиша:
„Боже Господе колку се грди… Дали е реално дека некој ќе го купи ова? Ужас… Светот отиде по ѓаволите“, порача познатата пејачка во коментарот на фотографијата, а потоа додаде:
„Неколку дена подоцна…“
Имено, Ана на крајот сепак не успеа да им одолее на овие сандали, а многумина се шокирани не само од нивниот изглед, туку и затоа што пејачката за овие гумени сандали потрошила 700 евра.
Ноќна мора од нашето детство
Инаку, оние од малку постарата генерација многу добро се сеќаваат на овој гумен модел на сандали.
Имено, во прашање е модел каков имаше секое југословенско семејство кога одеше на одмор.
Тогаш овие гумени сандали ги произведуваше Југопластика, и беа поприлично евтини. најчесто беа оние еднобојните – во темна сина или лимон жолта боја.
На плажите речиси да немаше дете што не ги носеше, па често се случуваше да ги помешаат со своуте другарчиња, а најсреќни беа оние што имаа проѕирни.
И додека едни за нив велат дека била совршени за море, како одбрана од ежови и камења, другите на нив се сеќаваат по плускавиците што ги оставаа и препознатливиот мирис на пластиката .
Но тоа беше пред 20-на и повеќе години на Јадранското море, додека сега во светот токму овој модел е еден од најпопуларните.
Ги произведуваат речиси сите, од Алекса Чанг, до брендовите како Версаче и Гучи и речиси воопшто не се разликуваат од оние што ги носевме како деца- освен по цената, секако. Имено, тие денес се движат и преку 1000 евра, а како изгледаат некои од нив погледнете во продолжение.
Gucci
Gucci
Алекса Чанг
Алекса Чанг
Celine
Gucci