Реклама
Холивуд

Нема да ви се верува колку ова девојче личи на Ријана

Реклама

Пејачката остана во шок кога ја виде

„Ќе ми паднеше мобилниот! Како е можно ова?!“, напиша Ријана на Инстаграм под фотографија на која е преслатко девојче која неверојатно личи на познатата пејачка поради што преку ноќ стана хит во целиот свет.

Маркетинг

И откако нејзините фанови на Инстаграм ја видоа фотографијата на девојчето кое личи на неа, таа ја сподели на својот профил на социјалните мрежи. Следуваа зачудувачки реакции и од бројни познати лица, како на пример индиската актерка Пријанка Чопра и австралиската манекенка Миранда Кер, додека американскиот супермодел и телевизиско лице Тајра Банкс ги замоли фановите да го идентификуваат девојчето како би и понудиле моден договор.

Маркетинг

Некои помислија дека е во прашање „бејби“ филтерот на „Снапчет“, но потоа се дозна дека во прашање е шестгодишно девојче чии фотографии на Инстаграм најпрво ги има објавено неговата мајка.

Поради огромниот интерес за девојчето неговата мајка решила да отвори и нејзин сопствен профил кој за многу кратко време достигна цифра од преку дваесет илјади фанови.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button