Реклама
Наши ѕвезди

Нема да ви се верува колку навистина вреди облеката на Анастасија Ражнатовиќ

Реклама

Таа токму поради својот стил и социјалните мрежи беше позната и пред да заплови во музичките води.

Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ, покрај својот музички талент кој очигледно го има наследено од својата мајка, позната е и по своите модни комбинации кои се инспирација на многу млади девојки во регионот. Таа само на социјалната мрежа Инстаграм има преку 900 илјади следбеници што е бројка за почит, а на своите фотографии изгледа елегантно и гламурозно.

Маркетинг

Токму и затоа многумина беа изненадени кога неодамна призна дека купува и во кинеските продавници. Таа притоа не заборави да истакне дека тоа го прави како и сите други и дека многу често носи облека каква можат да си дозволат и „обичните смртнички“ и дека не гледа ништо невообичаено во тоа. Таа за магазинот „Ало“ неодамна истакна дека во нејзиниот плакар не се наоѓаат само скапа и брендирана облека, а со ова секако ги воодушеви нејзините обожавателки кои не се така малку во регионот.

Маркетинг

„Навистина не се грижам премногу дали ќе носам нешто што е брендирано, сакам само да изгледа добро и да ми стои убаво. Не мора секогаш да се носи скапа облека, а најмалку е важно колку тоа чини. Постојат луѓе кои сакаат да носат брендирани парчиња, па купуваат фејк брендови, но добро, секој нека прави онака како што смета дека треба, вели Анастасија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button