Нема да ви се верува колку заработуваат Јелена Карлеуша и Марија ШЕРИФОВИЌ од „Гранд“ – цифри од кои боли глава!
Еве кој „најдебело“ го наплаќа своето учество во шоуто
Во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ досега можевме да видиме голем број познати лица во улога на жири.
И како што е општо познато, сите тие имаат потпишано „солени“ договори од по неколку илјади евра.
Но овие суми се држат во тајност, иако одвреме-навреме во медиумите ќе протече по некоја информација во врска со овие хонорари. Па така српските медиуми деновиве објавија дека пејачката Марија Шерифовиќ заработува по 3500 евра од емисија, додека пред неа е Јелена Карлеуша која по секоја емисија на контото е „потешка“ за 5000 евра.
Од овие суми можеме да пресметаме дека Карлеуша на пример само од Гранд во годината заработува околу 200.000 евра.
За разлика од неа Марија добива некаде околу 150.000 евра, додека Ѓорѓе Давид околу 40.000 евра, пишува „Објектив.рс“.
Вики Миљковиќ и Ана Бекута наводно добиваат иста сума, 80.000 евра по сезона, додека Босанац заработува нешто помалку.
Шоуто постои веќе 18 години, а во последно време за членовите на жирито повеќе се зборува отколку за самите учесници.
Така беше и во една од последните емисии, кога од шоуто беше исфрлена Вања Кнежевиќ. Тогаш коментарот на Јелена Карлеуша дека младата 18 годишна пејачка изгледа како тетка наиде на осуда на социјалните мрежи, посебно по дисквалификацијата на Кнежевиќ.
И ова беше c*aндaл за кој со денови се пишуваше, а Карлеуша заради нa*aдитe што ги доби од фановите на Вања, реши да ја тужи. Но овој cкaндaл не заврши тука – во целата работа се вмеша и Цеца, која реши да и помогне на младата пејачка, па благодарение на неа Вања Кнежевиќ влезе во студио и ја снимаше својата прва песна.
Повеќе за ова прочитајте тука >>