Нема да ви се верува колку заработиле Луна и Марко за година дена – ПОГЛЕДНЕТЕ го и новиот луксузен стан од 180.000 евра
Благодарение на сумата важат за едни од најплатените јутубери
Луна Џогани и нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ веќе некое време имаат свој канал на Јутјуб каде со своите следбеници споделуваат детали од својот приватен живот. Многумина се прашуваат како тие од тоа заработуваат и за колкава сума станува збор, а сега тоа е и откриено.
Имено, тие само во 2021 година заработиле 50.000 евра, што ги става на самиот врв на Јутјуб сцената во регионот.
Брачниoт пар нивниот канал го отвори на почетокот на август 2020година и досега на него имале преку 50 милиони прегледи.
На нивниот успех неодамна им честитаа и бројните фанови, а за првите 100.000 следбеници добија и плаката од Јутјуб.
Иако многумина мислат дека Луна и Марко од Јутјуб заработуваат енормни суми на пари, Миљковиќ открива дека за милион прегледи месечно најмногу може да се заработат 2000 евра, а некогаш и 10 пати помалку.
Како што вели тој за српскиот Курир, алгоритамот на Јутјуб препознава се’ и на основа на тоа доделува повеќе или помалку пари, а заработката на милион прегледи се движи од 200 до 2000 евра месечно. Како што вели тој, заработката во голема мера зависи и од месецот, па така на пример прегледите повеќе се платени на крајот од годината, отколку на пример во јануари и февруари, кога има најмалку реклами.
„Покрај прегледите, луѓето заработуваат и од спонзорства, а заработките од тоа можат да бидат фиксни или регулирани на друг начин, како е дефинирано во договорот“, објаснува Марко за Курир.
Познатиот ријалити пар наскоро ќе се пресели во новиот стан
Ријалити ѕвездите Луна Џогани и Марко Миљковиќ купија нов стан во Белград се кој се шпекулира дека платиле 160.000 евра.
Миљковиќ на снимањето на новото видео на нивниот Јутјуб канал откри и неколку детали од нивниот стан, односно како тој ќе изгледа, но напомена дека станот се уште не е опремен и дека мебелот се уште не е донесен, а откако ќе им го достават, ќе биде спремен да се вселат во него.
Како што откри тој во видеото, станот има два тоалети, соба за нивната ќерка, дневна соба и голема тераса.
„Вистина е дека станот го купивме на кредит и дека ќе го отплатуваме во следните 15 години, а јас се надевам за доста помалку. Мораме да бидеме упорни и да се трудиме. Со заеднички сили можеме да го исплатиме. Еден дел плативме со кеш, еден дел со кредит.“
„Од приказната дека фановите не финансираат, тоа апсолутно не е точно“, вели Миљковиќ, пренесува Блиц.
Популарниоот ријалити пар исто така пред некое време откри дека во новиот стан треба да се вселат во декември, а станот во кој сега живеат ќе го издаваат.
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани