НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА: Како песната „Ќе ти дојдам вечер“ стана најголем балкански хит, открива, мегапопуларниот, Спасен Силјаноски за Гламур.мк
Посебно оние кај нас во Македонија, што не го слушаат народниот мелос и што тврдеа дека тие песни се сељачки,„ ние сме урбани, клубски ликови... “ е сега истата таа песна, кога ќе дојдат пејачи од соседството и ќе им ја испеат по клубови, истите тие луѓе на таа песна врескаат, урлаат, вели пејачот.

Омилениот фолк-пејач меѓу сите генерации, секогаш ведриот расположен, насмеан, кој знае можеби моментално и најскапиот пејач Спасен Силјаноски, во интервју за Гламур.мк откри детали поврзани со најголемиот балкански хит кој доаѓа од Македонија, неговата песна „Ќе ти дојдам вечер“.

Пејачот вели дека формула за хит не постои, но уште пред 5 години кога ја отпеал оваа песна на „Лешочки фолк фестивал“ претчувствувал дека публиката ќе ја засака.
Инсистиравме да дознаеме како песната стана вирална, па мегапопуларниот пејач ни ја раскажа приказната.
– Песната „Ќе ти дојдам“ е снимана уште во 2017 год, на Лешочки фолк фестивал. Од тогаш верував дека ќе биде слушана, како и што беше, веднаш стана хит. Единствена прагматика ми беше дали ќе ја прифати помладата публика и надвор од Балканот, за тоа не бев сигурен и еве по 5 години песната почна да се слуша и низ целиот Балкан , па и низ целиот свет. И баш ми е мило што ја слушаат сите генерации од најмало до најстаро, рече Спасен.
Посебно оние кај нас во Македонија, што не го слушаат народниот мелос и што тврдеа дека тие песни се сељачки,„ ние см е урбани, клубски ликови… “ е сега истата таа песна, кога ќе дојдат пејачи од соседството и ќе им ја испеат по клубови, истите тие луѓе на таа песна врескаат, урлаат, што ми паѓа задоволство, но во исто време ми е и чудно, вели пејачот.
Тој додава, зошто песната „Ќе ти дојдам“ што е песна од Спасен Силјаноски требаше да ја испее или да ја испопуларизира некој надвор од Македонија за да сфатат дека песната е добра!?
Често-пати се повторува тоа дека не знаеме да си го цениме своето, а го вреднуваме туѓото, така се испостави и овојпат.
Но кој е главниот „виновник“ за „Ќе ти дојдам вечер“ да стане вирална?
– Мојата песна беше слушана во Македонија и беше навистина голем хит и пред да стане вирална на ТИК -ТОК, песната на јутјуб имаше МНОГУ прегледи само од тие слушатели на македонската народна песна. А толку вирална на Блаканот стана мислем дека благодарение на едни Афроамериканци кои првпат снимаа видео со позадина на таа песна , па потоа Теа Теировиќ, Џогани, Рада Манојловиќ и многу други балкански ѕвезди.
@filipstefanovskii
Спасеб открива дека благодарени на оваа песна му се отвориле многи патишта, дури и можноста да отпатува на одмор со семјството во Сплит е благодарение на неговиот хит.
Благодарение на таа песна сум моментално во Сплит. Да ви се пофалам и дека имав еден прекрасен,многу голем концерт,со илјадници луѓе туристи од цел Балкан и пошироко и ја пееја сите на еден глас.