Неверојатна трансформација …
Бесјана Касами попозната како Биг Мама е пејачка и водителка од Македонија која на почетокот од кариерата ја споредуваа со Бојан Јовановски, попознат како Боки 13.
Но таа изгуби преку 40 килограми и сега изгледа речиси непрепознатливо. Успеала да ослабне со помош на бајпас ставен на желудникот – во прашање е хируршки зафат со кој се стеснува желудникот и кој е хит во светот, а во последно време поприлично е познат и кај нас.
Не се работи за никаква диета или пак вежбање до исцрпеност. Напротив, не држев диета ниту еден ден во изминатата година, јадев се што сакам, но во помали количини“ изјави таа во нејзиното последно интервју за Фокус.
Инаку, Биг Мама е позната и како двојничка на Боки 13. Имено и порано и сега ја споредуваат со познатиот шоумен, а направија и заедничка песна „Холивуд“ во соработка со Ферус Мустаф со која сакаа да настапат на Евровизија.
Но песната не успеа да стане наш претставник за песна на Евровизија, а Боки 13 и Биг Мама секој по свој пат.