За разлика од многу други познати фаци, Лепа Брена не пати од тоа да мора да вози скапи и луксузни автомобили
Во тоа се увери и екипата на Папарацо лов која во една пригода ја следеше музичката ѕвезда.
Имено, тие ја фатија како се вози во автомобил кој, како што пренесуваат тие, вреди околу 3000 евра.
Брена тој ден сама се возела во автомобилот и сама се движела низ градот додека не се најде со една своја пријателка.
И покрај тоа што има милиони, Брена не се расфрла и води живот како и сиот нормален свет, без скапи автомобили и телохранители. Што е најинтересно, пејачката тој ден немала ни трошка шминка на своето лице.
Па кој би кажал дека вака живее една од најголемите естрадни личности во регионот која само од продажба на „Гранд“ продукција заработи неколку милиони, а заработува и високи хонорари секој викенд.