Реклама
Вирално

Нема да ви се верува во каков луксуз живее Шенки Версаче – базени, автомобили и мебел со цени од кои боли глава

Реклама

Шенки е хит во целиот регион

Фото: Фејсбук/ Шенки Версаче

Тој важи за еден од најбогатите Албанци во Македонија, но со една многу чудна опсесија. Имено тој е опседнат од италијанската модна куќа Версаче, па во својот дом се’ е со логото на овој познат бренд.

И тоа во буквална смисла на зборот, од плочките во тоалетот, кујната и базенот, до неговите чорапи и долна облека.

Маркетинг

Тој има и кафуле кое се вика Версаче, а и на социјалните мрежи се потпишува како Шенки Версаче.

На социјалните мрежи не ретко објавува фотографии од кои можеме да видиме како изгледа неговата куќа која целосно е украсена со логото на познатиот бренд, а и на неговото тело има тетоважа со Версаче.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Шенки Версаче

Како што самиот има изјавено за медиумите, неговата опсесија за Версаче започнала пред 10-на години. Тој најпрво купувал облека од овој познат италијански бренд, а потоа решил својата куќа да ја украси со препознатливото лого. Потоа ги средил и автомобилите, базенот, и секое парче мебел во неговиот дом кое е од Версаче, па дури и плочките во кујната.

Фото: Фејсбук/ Шенки Версаче

Инаку, Версаче кој живее во Арачиново има свој приватен бизнис со автомобили. А во своето слободно време тој е познат и како човек што знае и сака да се весели, па така на социјалните мрежи постои видео на ко се гледа како му пее српската фолкерка Сандра Африка, а тој ја лепи со евра и злато по нејзиното тело.

Фото: Фејсбук/ Шенки Версаче

Неговото вистинско име е Шенки Маслани, а како што вели самиот се’ во неговиот дом е оригинал.

Фото: Фејсбук/ Шенки Версаче
Фото: Фејсбук/ Шенки Версаче
Фото: Фејсбук/ Шенки Версаче
Фото: Фејсбук/ Шенки Версаче
Фото: Фејсбук/ Шенки Версаче
Фото: Фејсбук/ Шенки Версаче

Поврзано

Back to top button