Нема да ви се верува, ама ова модно издание на Карлеуша чини НЕВЕРОЈАТНИ 50.000 евра – Балканот во шoк (фото)
Популарната пејачка Јелена Карлеуша одамна е позната по своите спектакуларни, но и прескапи модни изданија.
Таа важи за модна икона на Балканот, а за нејзините модни комбинации досега имаат пишувано и бројни светски медиуми.
Познатата пејачка и со своето последно издание направи вистински хаос позирајќи во дворот од својата раскошна вила.
Карлеуша овој пат носеше тесен долг црн фустан кој во горниот дел беше речиси потполно отворен.
Во центарот на вниманието беше нејзиното раскошно деколте составено од тенки црни ленти кои само што не пукнаа од што беа толку затегнати. Таа преку фустанот носеше црно оскудно сако врзано со подебели црни ленти кои оставија доволно отворен простор на градите.
Карлеуша целото издание го заокружи со мала црна чантичка, сандали и златен накит чија цена е вистинска ситница.
Имено, пејачката која важи за една од најдобро облечените жени во регионот овој пат на себе носеше вистинско богатство.
Карлеуша, која посебна љубов негува кон чевлите и чантите, сега се пофали со своето ново „милениче“ од гардероберот.
Во прашање е малата чанта од „Хермес“ за кој пејачката „искеширала“ 38.000 долари, додека за сакото само 2190 долари.
И ако на ова ја додадеме и цената на останатите парчиња од кои само златните нараквици што ги носи чинат преку 1000 евра, ќе дојдеме до фрапантна сума од околу 50.000 долари колку што чини ова издание на ЈК.
Како пејачката изгледаше во ова свое издание, но и зошто целиот регион зборува за него, погледнете во галеријата…
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша