Нема да ви се верува, ама оваа фирма од Германија дава по 500 евра на сите кандидати што само ќе дојдат на првиот разговор за работа
Германска компанија дава по 500 евра за секој за првото појавување на разговорот за работа и плус 5000 евра повеќе на оние што ќе го завршат условниот рок.
Недостатокот на работна сила посебно се забележува во ИТ секторот, како и во здравството и градежништвото.
Конкретно во градежништвото до зголемена побарувачка за работници дојде заради растечките цени на куќите и проектите од зелена конструкција.
Од друга страна недостатокот на ИТ програмери за интернет страници не е никаква новост на европскиот пазар, но она што е новина е начинот на кој компаниите се обидуваат да најдат нови работници.
Стефан Кнол, основачот на „Deutsche Familienversicherung“, осигурителна компанија со седиште во Франкфурт која брзо се развива во последно време, нуди 500 евра на секој што ќе дојде на разговор за работа.
Покрај овие 500 евра тие нудат и по 1000 евра за оние што ќе стигнат до следниот круг, како и дополнителни 5000 евра плус за оние што ќе завршат шестмесечен рок кој како услов е потребен за влез во фирмата.
Посебно тешко е да се најде некој со ИТ вештини. Се натпреваруваме со дивови како ‘Allianza’ кои лесно можат да вработат стотици луѓе ширум светот – но ние не сме заинтересирани за вработување во Индија, сакаме луѓе тука во Франкфурт – изјави за германските медиуми Стефан.
Како што пренесува „Fenix-magazine“, оваа метода би можеле да ја применат и останатите компании кои имаат проблем со работници.
Недостаток на работна сила посебно е видлив во ИТ сектор, здравството како и во градежништвото, каде до зголемена побарувачка на работници дојде заради растечките цени на куќите и проектите од зелена конструкција.
Се бара поголем број работници и во угостителството, каде правилата постојано се менуваат заради што работата не е сигурна.
Но недостаток на работна сила е евидентен и во други сектори.
Истражувањето на развојната банка „KfW“ и истражувачкиот институт „Ifo“ спроведено на преку 9000 германски компании во септември претходната година покажа дека 43 отсто од компаниите имаат проблем со недостаток на квалификувана работна сила што е рекорд од повторното обединување на Германија во 1990 година.
Нашата дијаспора се враќа дома?
Во изминатата година забележано е и дека многу поголем број по потекло од Балканот се вратиле во своите родни земји. Ваквиот позитивен тренд на враќање од странство посебно е забележителен кај помладите и факултетско образуваните кадри, кои најмногу се враќаа сред пандемијата.
Луѓето се враќаат од Германија, но и од другите европски земји – Австрија, Швајцарија, како и од Австралија, Канада, САД.
Од друга страна во последно време имаме зголемен интерес на луѓе кои постојано се јавуваат да видат како можат да се вратат во своите земји, а според српскиот Тањуг, најголем причинител за ваквите необични промени во областа на миграција е пандемијата предизвикана од вирусот корона.
Бонус галерија
„Културен шок“ на Американка во Норвешка!
Џори е девојка која од Чикаго се пресели да живее во Норвешка задно со својот сопруг, семејството и домашните миленици.
Таа на својот ТикТок постојано објавува работи кои за неа како Американка и се чудни и необични во Норвешка.
Некое од нив погледнете во продолжение….
Бебињата ги оставаат сами на улица?!
Млекото не е спакувано во пластични туби од по еден галон и е со рок на траење од само 1,5 недели
Кружен ток? Што? Како?
Многу е пошарено…
Пченка со се’ и сешто…
Се пие вода од секоја чешма
Фрижидерите не се толку големи
Венецијанки од надворешна страна?
Луѓето во градски превоз подобро би стоеле отколку да седат до непознат
Хм…
Во недела ништо не работи!
Користат два единечни јоргани, наместо еден заеднички…
За собирање пластични шишиња и лименки добиваш пари
Сами ги пакувате продуктите во секој маркет, иако се создава гужва
Трева што расте на покривите?!
На кучињата им е дозволено да се возат во јавен превоз…
Извор: Bored Panda, Фото: @just.jorie