Нема да ви биде добро кога ќе слушнете колку платила Цеца за овој ГЛАМУРОЗЕН МОДЕН ДОДАТОК – што е многу, многу е!
Модно издание од 1500 евра
Познатата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ деновиве беше во центарот на вниманието откако како бомба одекна веста дека ќе ја замени Јелена Карлеуша во популарното музичко шоу Ѕвездите на Гранд.
По само неколку дена таа повторно се најде во медиумите, но овој пат привлече внимание со својот моден избор.
Имено, познатата пејачка деновиве на еден настан се појави заедно со својата сестра Лидија облечена во скапи парчиња од глава до пети. Само модните додатоци што ги носеше со црвениот комплет вредат речиси 1500 евра, од кои само папучите од познатиот бренд се 1100 евра.
Многумина коментираа дека Цеца во ова издание навистина блескаше и дека црвената дефинитивно е нејзина боја.
Како таа изгледаше во ова издание, но и неколку други модни решенија на Цеца погледнете во продолжение:
Инаку, Лидија Оцокољиќ на Цеца и е најголема поддршка во животот и таа секогаш била тука за неа.
За нивната блискост сведочи и една досега невидена фотографија од младоста на овие две дами што деновиве исплива на интернетот.
Фотографии од младоста на најпопуларната пејачка во регионот во последно време често можеме да ги видиме на социјалните мрежи, но фотографии од нејзината сестра од тој период навистина се реткост.
Лидија која денес е атрактивна русокоса, многумина никогаш ја немаат видено во вакво издание.
Цеца и Лидија на оваа фотографија изгледаат како близначки, и двете со ретро фризури и облечени во стилот на 90-тите.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ