Наши ѕвезди

Нема више Кики и Фрики, сега главна фаца е Боки – политичарите во шок, ги чека нов потрес?!

Се сеќавате ли на приказната за Кики и Фрики? Епа сега доби „апдејтувана“ верзија и овој пат нараторот е Боки, а темпирана е за пред изборите

Advertisement

Ова нема да им се допадне на многумина во нашата земја, па и на некои наши политичари, посебно на оние што се со нечиста совест.

Контроверзниот шоумен Бојан Јовановски попознат како Боки 13 најави уште едно гостување во подкастот кај Стефан Лазаров.

Advertisement

Откако неговото прво гостување ги сруши сите рекорди на гледаност, Боки реши повторно да гостува во студиото на Стефан.

Инстаграм

Оваа вест секако дека и многумина загрижи, посебно некои напи политичари бидејќи гостувањето повторно е пред избори. И ако направиме анализа, претходното гостување на Боки во предвечерието на предизборниот молк навистина беше бомба.

Advertisement

Инстаграм

Во емисијата Боки спомна многу имиња од светот на политиката, а посебно привлече внимание неговото тврдење дека во Идризово лежат невини луѓе осудени за тероризам во процесот „27 април“, односно дека пресудите, наводно, биле донесени под притисок.

Сето ова предизвика вистински потрес, а дали истиот ефект ќе го има и следното видео останува наскоро да видиме.

Инстаграм

Ние искрено се надеваме дека правдата ќе победи, а вистинските виновници конечно ќе ги стигне правдата.

„И официјално падна договор за втор дел на историски најгледаниот подкаст во Македонија!🇲🇰 Во вториот дел @boki13official најавува уште побрутално интервју, нови докази и одговори на сите прашања кои не ги опфативме во првиот дел! 6ти мај со почеток од 20:00 часот… Се гледаме! #сеоградувам, напиша Лазаров под една заедничка фотка на Инстаграм.

Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button