Немања Гудељ сестра му ја бакнува во уста, а со мајка му се гушка гoл?! Семејството на момчето на Анастасија мета на критики
Нивниот однос за едни е непримерен, додека другите им порачуваат дека се прекрасно семејство…
Покрај оваа фотографија на социјалните мрежи тие имаат објавени и многу други на кои се во слично издание…
Семејството на момчето на Анастасија Ражнатовиќ, Немања Гудељ веќе некое време е на мета на критики.
И тоа заради една банална работа, односно затоа што премногу се гушкаат и бакнуваат во семејството, нешто што многу корисници на социјалните мрежи го сметаат за непримерно и неприродно однесување.
Па така не помина незабележано фотографијата на која помладата сестра н Немања, Вања, го бакнува својот брат во уста.
Покрај ова фотографија на социјалните мрежи тие имаат објавени и многу други на кои се во слично издание.
Па така на пример, како што објави деновиве српскиот портал „Нова.рс“, на една исто така необична фотографија Немања лежи разголен во креветот, додека неговата родена мајка го гуша и бакнува во рамото.
Ваков однос мајката и ќерката имаат и со Драгиша, помладиот брат на Немања, но и ќерката со нејзиниот татко.
На една од нив Вања го храни својот брат, а под фотографијата пишува „Го хранам како бебенце“, што беше доволно твитерашите да ја критикуваат и оваа фотографија да ја означат како непримерна.
Инаку, познатиот фудбалер во центарот на вниманието кај пошироката јавност на Балканот се најде и откако обелодени дека е во врска со Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на фолк-дивата Цеца Ражнатовиќ.
Но на нив многу поретко можеме да го видиме со Анастасија, за разлика од тоа што семејството постојано објавува фотки.
Слични реакции добива и поранешниот фудбалер Дејвид Бекам кој сака да се бакнува во уста со ќерката Харпер.
И овој потег наидува на осуда од страна на многу корисници на социјалните мрежи, но очигледно дека Бекам не е премногу загрижен за нивните критики, па и понатаму не се откажува од ваквиот начин на изразување на родителската нежност иако ќерка му веќе има 11 години.
Тој тоа го повтори пред неколку месеци, а реакцијата на луѓето и тогаш беше иста – многумина беа згрозени.
Но тоа очигледно и во домот на семејството Бекам е вообичаена работа бидејќи и Викторија има објавено како се бакнува со децата во уста.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм