Реклама
Наши ѕвезди

НЕМАМ НИ БОТОКС, НИ МОТОКС – вели Добрила која и во десеттата деценија од животот е неверојатна жена

Оваа жена со неверојатна енергија откри и зошто не ја пуштаат во Австралија: „Жива се изедов“, вели таа

Реклама

Најстарата победничка во „Никогаш не е доцна“, Добрила Ивановска Чабриќ, се уште може да се пофали со неверојатна енергија.

Таа живее во Дојран и се релаксира со пливање во езерото, а се уште сама си го вози својот автомобил и патува со него.

Оваа извонредна бабичка неодамна беше и дел од финалето во популарното шоу за ветерани каде се појави како гостинка, а во кое еден од победниците беше и прилепчанецот Сашо Башески.

Маркетинг

Принтскрин/ Гранд

Во истото шоу неколку сезони претходно победи и самата Добрила која денес има 96 години, а која се уште зрачи со својот младешки дух и неверојатна лавовска енергија што ретко кој ја има и на многу помлади години. Таа неколку пати досега сама со автомобилот патувала од Македонија до Белград, за да гостува во Гранд, а како што изјави деновиве, подготвува и монодрама која треба да ја игра во овој град, но и на многу други места во светот.

Маркетинг

„Подготвувам и монодрама која ќе ја играм во Белград, по цела Србија и по цел свет, бидејќи ме викаат секаде. Ме викнаа и во Австралија, но не сакаа да ми дадат виза, велат дека само до 75 години, и така ми пропадна добра тезга, се изедов жива, но никогаш не е доцна“, раскажа Добрила неодамна за „Гранд“ откривајќи дека возачката дозвола се уште и важи.

Бев грдото пајче, минатото не ме интересира

Посетуваме, Добрила ја гази својата десетта деценија како лавица, а пред неколку месеци го прослави својот 96-ти роденден.

Но за неа годините се само бројка, а тоа го докажува и нејзиниот младешки дух што го носи во себе веќе со децении.

Принтскрин/ Јутјуб

Таа е доајенка на Македонскиот народен театар каде започнува да работи во 1946 година, а глумеше и во првата претстава на македонски јазик, „Платон Кречет“. По победата во „Никогаш не е доцна“ почнува повторно да работи на својата кариера и станува популарна на целиот Балкан, но овој пат повеќе како пејачка, и тоа во десеттата деценија од животот.

„Немам ништо вештачко, ни ботокс, ни мотокс, немам ни силикони, ни миликони, ништо, сé е природно. Никогаш не сум била свесна за мојата убавина, јас бев грдото пајче, мајка ми ми кажа дека кога сум се родила сум била многу грда. Себеси никогаш не сум се доживувала како убавица, едноставно не сум опседната самата со себеси. Минатото воопшто не ме интересира, кога ќе се заврши денот тој заврши и не сакам да се оптоварувам со што било. Мене ме интересира утре, денес, а не она што било вчера или завчера“, изјави во една пригода Добрила за „Гранд“, па откри како и другите да ги доживеат нејзините години, истакнувајќи дека секој треба да ја негува младоста, никогаш да не мислат лошо, да го сакаат животот луѓето, се што се движи, музиката, хуморот…

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button