Немала за леб, а сега е полна со пари – Тажната животна судбина на Сораја, од Дом за сираци до скапа старлета
Сораја Вучелиќ, учесничка во реалните шоу емисии рано останала без мајка, растела во Домот за незгрижени деца, а подоцна била префрлена во старателско семејство. Дури подоцна во текот на животот воспоставила комуникација со таткото.
Се родила во Книн во 1986 година, а нејзината мајка Анка родителите ја исфрлиле од куќата кога дознале дека е бремена зошто не се согласувале со нејзиниот избор. Иако прво се преселиле во Бар, Анка немал од што да ја издржува ќерката па ја дала во дом-семејство во Војводина.
Поради далечината, средбите на мајката и ќерката не биле возможни, па така Анка после неколку месеци Сораја ја сместила во Дом за незгрижени деца „Младост“ во Бијела. Додека престојувала во Бијела, била вистински мал бунтовник и знаела да се избори со проблематичните момчиња, речиси и им парирала, и никој не смеел да ја закача. Имала, своја мала „банда“ и тинејџерите ја почитувале.
Подоцна Анка и Сораја успеале да воспостават добар однос со семејството на Анка, но мајката се разболела и починала кога Сораја имала само 17 години.
Старлетата после тоа одлучила да се отсели во Белград и да се избори за себе.
Првпат се појави во „Големиот брат“ во 2011 година, а тоа го искористи за својата натамошна кариера.
Додека престојуваше во реалното шоу, за разлика од останатите учесници, кои како контакти оставаа телефонски броеви од членовите на своето семејство, Сораја бидејќи нема мајка, а таткото не сакаше да го експонира, остави телефонски број со својата тогашна најдобра пријателка која ја потврди нејзината приказна.
Се зборува дека Сораја до сега имала повеќе од 8 естетски зафати, а првиот го направила во 2010 година кога ги зголеми градите.
Денеска, таа е студент на психологија, но со оглед на тоа дека моментално не може да се врати во Србија, прашање е дали и како ќе го заврши факултетот.