За семејството на Цеца отсекогаш се зборувало многу
Но откако нејзината ќерка Анастасија наполни 18 години, таа со својата убавина го привлекуваше вниманието каде и да се појавеше. Таа реши да тргне по стапките на својата мајка, па заплови и во музичките води, а по неколку објавени песни, одлучи својата кариера да ја стави во мирување, иако сите сме сигурни дека пред неа е блескава кариера со која би можела да ја засени дури и самата Цеца.
Што се донесува до нејзиниот изглед, Анастасија во неколку наврати отворено зборуваше дека е свесна колку е тоа важно на балканската музичка сцена, но и дека и таа самата своевремено имала проблем со вишок килограми и дека не изгледала секогаш толку привлечно.
Таа во младоста имала дури 20 килограми вишок (барем според неа) и тоа влијаело на нејзината самодоверба во тоа време. Затоа и ќе одлучи да работи на себе и да ја донесе својата линија под контрола, така што денес повеќето девојки можат да и завидуваат на тоа како изгледа.
Она што и се случувало нејзе на тие години, секако дека е проблем со кој се соочуваат и многу други девојки, па затоа би сакале да додадеме дека физичкиот изглед не е пресуден во животот, туку многу поважно е здравјето. Не треба да се грижиме ако имаме неколку килограми вишок, туку треба да се сакаме себеси онакви какви што сме, какви што не создала мајката природа. Исто така многу е важно и да бидеме физички здрави, а тоа секако дека можеме да го постигнеме само со добри навики, здрава исхрана и спорт.
Па доколку на секоја девојка и е поважно да биде здрава и да има добри навики, отколку изгледот, тогаш не би постоеле и проблемите со самодовербата. И сите би се чувствувале убаво бидејќи на крајот на краиштата убавината доаѓа од внатре и нема никаква врска со килограмите.
Се согласувате со нас, нели?