Повеќечасовното седење пред компјутер порано или подоцна ќе има негативен ефект на вашиот стомак, но и на пределот над колковите.
А таложењето на масните наслаги не се решаваат баш најлесно. Потребна е голема дисциплина, вежбање и правилна искрана.
Брзите и едноставните решенија како електричните и разноразните појаси за масажа кои го топат салото нема многу да ви помогнат. Важно е да се активирате и да ја прилагодите исхраната на своите години и потреби.
https://www.instagram.com/p/BdwPb9knucQ/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Што се однесува до трендовите тие се менуваат
Некогаш се ИН облините, некогаш слабоста. Но здравото и затегнатото тело НИКОГАШ не излегува од мода. Затоа ќе ве потсетиме на неколку основни правила со кои сигурно ќе го затегнете стомакот.
https://www.instagram.com/p/BmbcC6jn6t2/
Храна
Обилниот појадок што ќе ни овозможи доволно енергија за цел ден поминат во движење е основното правило за решавање на масните наслаги на стомакот. Комбинација на протеини и јаглехидрати ќе на одврати од постојаното и нездравото грицкање. Ако не сте утрински тип кој може да ужива во храната наутро, тогаш подгответе смути.
https://www.instagram.com/p/Bmbh30Mgd-i/?tagged=smoothiebowl
Комбинација од овошје и спанаќ нека биде вашиот избор. Исто така житарките од цели зрна се одлични за симнување на масните наслаги бидејќи тие го поттикнуваат согорувањето на мастите, а тоа ќе ја држи нивото на инсулин под контрола. Зрнестото овошје, бадемите, оревите, јајцата и авокадо, потоа брокула, пилешко, мисирка, лосос и патлиџани нека бидат основни намирници на вашето мени. Комбинирајте ги во разумни количини и направте го првиот чекор до рамниот стомак. Солта избегнувајте ја и никако не правете преголеми паузи меѓу оброците бидејќи гладни тешко ќе можете да ја контролирате количината на храната што треба да ја внесете.
Вежбање
Правилното вежбање сака посветеност.
За да видите резултати препорачуваме да вежбате од 4 до 6 пати неделни. Практикувајте вежби со кои активирате разни групи на мускулите, а ви препорачуваме и да трчате. Од вежбите правете ги оние со подигање на една па друга нога додека лежите на подот, потоа чучњеви, страничните стомачни, склекови, потоа склекови во комбинација со скокови и сл. По половина час дневно е сосем доволно за почнете да гледате промени на вашето тело.
https://www.instagram.com/p/BmbhPRAnmzM/?tagged=fitwomen
Бидете упорни и НЕ откажувајте се!
Не споредувајте се со другите бидејќи тоа може да ве обесхрабри. Без разлика на начинот на живот, прехранбените навики и сл. не заборавајте дека и генетиката игра значителна улога во целата приказна.
Затоа не се откажувајте се додека не ја реализирате вашата цел без разлика колку време ви е потребно за тоа. Но со придржување до правилата за брзо време ќе забележите разлика – само по неколку недели ќе се чувствувате подобро, а вашата самодоверба ќе расте. Затоа бидете тврдоглави и продолжете го вашиот пат до рамниот стомак и не подлегнувајте на искушенијата.
https://www.instagram.com/p/BmbhWzdnZC3/?tagged=fitwomen
И не заборавајте – ќе се чувствувате сјајно ако го правите ова.