Неколку работи што НЕ сте ги знаеле за раскошниот дом на принцот Хари и Меган Маркл
Кралската Кензингтонска палата крие многу тајни.
Можеби не сте знаеле но во нејзините раскошни одаи имало многу славење, среќни моменти, радости и насмевки, но и потресни трагедии, па сега сите се надеваат дека Хари и Меган во неа ќе внесат нова енергија.
https://www.instagram.com/p/Bc94Q2PghQl/?utm_source=ig_embed
Тие имаат свој апартман во Кензинготнската палата.
Самата палата крие богата историја во себе, а нејзината грандиозност е дури застрашувачка.
Еве неколку работи кои најверојатно не сте ги знаеле за Кензингтонската палата, односно за домот на Хари и Меган:
Палатата е стара повеќе од 400 години. Според некои британски извори изградена е во 1605 година и не била отсекогаш палата со вакво значење. .
Можеби не можете точно да видите каде живеат Хари и Меган, но слободно можете да истражувате делови од палатата бидејќи е отворена е за јавноста.
Во неа се случиле многу трагедии досега, како неверства и смрт од различни болести на членови на кралското семејство.
Палатата содржи голем број луксузно опремени апартмани, а принцот Хари и неговата сопруга, поранешната актерка Меган Маркл, живеат во еден од нив. Во палатата живеат и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, додека апартманот на принцезата Дијана беше празен со години.
Принцезата Дијана живееше во палатата со нејзините синови Хари и Вилијам и откако се разведе од Чарлс, сè до нејзината трагична смрт.
Многу луѓе не знаат, но Кензингтонската палата може да ја изнајмите на еден ден и да си организирате настан таму.
На раскошно украсените ѕидовите има и цртежи од генијалниот сликар и визионер Леонардо де Винчи.
Од кога е изградена досега направени се бројни доградби и реставрации
Во 1890 година за малку ќе била срушена, но кралицата Викторија ја спасила и комплетно ја реновирала.
Најдолго владеење пред кралицата Елизабета II имала токму кралицата Викторија која е родена во оваа палата во 1819 година. Таа на престолот доаѓа на само 18 годишна возраст и останува кралица цели 63 години.