Реклама
Наши ѕвезди

Неколку непознати детали за убавата Гранд ѕвезда од Македонија што го ШОКИРАШЕ целиот регион

Македонската „Гранд ѕвезда“ во Белград живее на „висока нога“

Реклама

Марија Груевска додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ важеше за една од најинтригантните учеснички во шоуто.

За нејзините настапи се уште се зборува, посебно за оној кога на грандиозната сцена се појави со големата змија и ги „шокираше“ сите.

Шармантната битолчанка по учеството во шоуто во кое се пласираше во финалето и беше една од најдобрите во претходната сезона, таа се омажи за својот партнер кој и беше најголема поддршка за време на натпреварот. Тие направија голема свадба во нивниот роден град Битола, а потоа, по медениот месец, заминаа за Германија каде Марија подготвуваше нови песни.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Пејачката по Германија се врати во Македонија, а често престојува и во Белград. Како што самата вели таа во овој град секогаш престојува во еден ист хотел кој е нејзиниот втор дом кога доаѓа во српската престолнина.

„Горе на првиот кат е мојата соба и мојот најудобен кревет“, изјави Марија за екипата на „Гранд.онлајн“.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Таа ги отвори вратите од својата соба и ја угости екипата покажувајќи им го местото во кое престојува кога е во Белград.

Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн

Како што самата вели, омилено место и е базенот, како и теретаната во која што го одржува своето тело во форма.

Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн

Инаку, малкумина знаат дека зад екстравагантните настапи на Марија всушност стои нејзиниот татко кој е свештеник.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Како што самиот изјави, секое нејзино појавување на сцената има симболика и ја преставува жената во најразлични изданија.

„Таа беше моја ќерка до нејзини 18 години, а сега ми е другарка, партнерка во сé. Бидејќи сите во семејството се полнолетни, сега сме пријатели. Марија и јас повеќе го немаме оној супериорен однос ќерка-татко, сега можам да го следам незиното темо. ‘Ѕвездите на Гранд’ дополнително не зближија, секаде одиме заедно, целото семејство доаѓа на нејзините настапи“, изјави гордиот татко на Марија пред новинарите на порталот „Гранд.онлајн“.

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Инаку, Марија по враќањето од Германија објави неколку снимки со кои покажа како ужива со момчето во Грција.

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Имено, таа неодамна заедно со своето момче беше во Грција од каде објави видео снимка која ги воодушеви сите.

Од нејзините објави можеме да видиме дека е во топ форма, но и дека ужива во прегратките на својот сопруг.

Како тие изгледаа, погледнете во продолжение:

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button