Реклама
Секс

Неколку митови за аналниот секс (кои успешно ќе ги разбиеме)

Реклама

Анален секс – навистина постојат само неколку работи од кои жените толку се исплашени, а мажите ги обожаваат.

Но да бидеме искрени – негативностите околу аналниот секс не се баш вистинити. Аналниот секс кај многу парови се уште е табу тема, а некои едноставно не се ни осмелуваат да зборуваат за тоа. Но како што предупредуваат некои сексуални психолози, ова е штета, бидејќи аналниот секс може да биде убаво искуство и за двата партнера – само треба да се внимава на неколку работи. Во продолжение ќе ги откриеме трите најчести митови за аналниот секс …

Маркетинг

Аналниот секс боли и тоа многу

Дали аналниот секс е секогаш болен?

Ова е потполно погрешно! Ако добро се подготвите, искуството може да биде убаво и безболно. Во почетокот, чувството сигурно ќе биде невообичаено, но во одреден момент тоа ќе стане многу возбудливо и добро.

Маркетинг

Дајте си време, опупштете се и релаксирано со партнерот тргнете во новата авантура. Ова е важно бидејќи без подготовка, време и претпазливост може да дојде до повреди. Совет: Не штедете на лубриканти.

Нема потреба од кондом

Се разбира, при ваков секс жените не можат да останат бремени, но презервативите се задолжителни кај аналниот секс, бидејќи може да се појават мали повреди, така што несаканите бактерии кои можат да предизвикаат болест можат да навлезат во телото.

Значи – задолжително користете кондом!

Аналниот секс е валкан

Ова е веројатно највалканата лага меѓу разните митови за аналниот секс. Иако пенисот влегува во аналниот отвор, обично не постои нечистотија. Кога немате потреба од тоалет, ректумот во главно е чист. Но и покрај тоа најдобро е по анален секс партнерот да го измие пенисот ако сакате да имате вагинален секс. Или уште поедноставно, да го промени кондомот.

Треба да ја споменеме и митската приказна според која жените често мислат дека мажот ги понижува за време на аналниот секс. Океј, точно е дека ние им даваме контрола и дека аналниот секс често е исполнување на фантазијата и желбите на посилниот пол. Но, нашиот страв е неоснован.

Преземете ја контролата и одредувајте го ритамот. На поинаков начин, оваа форма на секс најверојатно нема да функционира баш најдобро и тешко дека ќе можете да го извлечете максималното задоволството.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button