Реклама
LIFESTYLEВирално

Неколку интересни работи што не сме ги знаеле за куоките, најсреќните животни на светот

Реклама

На интернет кружат фотографии од  ове мали слатки суштества кои изгледаат како постојано да се смешкаат.

Благодарение на овие слики научивме две работи: дека ова мало суштество се нарекува Куока и дека ги нарекуваат и „најсреќното животно на светот“.

Маркетинг

Но, животот на овие торбари не е едноставен. Под таа слатка насмевка се крие и другата страна. Какви животни се тие во суштина? Дали навистина се среќни?

Куоките се најмалите членови на семејството Макроподидае (Мacropodidae), во кое исто така се вклучуваат и кенгурите. Тие растат во близина на мочуриштето, или во пустини со сува вегетација. Тие копаат тунели за да се засолнат и излегуваат во потрага по храна во текот на ноќта.

Маркетинг

Тие се единствените копнени цицачи на островот Ротон.

Куоката може да ве гризне

Покрај тоа што се „најсреќното животно на светот”, тие се подготвени и способни да се бранат и да се грижат за себе. Секоја година, амбулантска клиника од островот Ронс третира десетици пациенти кои се гризнати од овие животинчиња.

Но меѓу себе,  се прилично мирни. Мажјаците не се ни борат за изборот на жена или поради храна и вода. Повремено се напаѓаат поради студот и одржливоста на топлина во декември месец.

Ги користат луѓето

Ове љубопитни и бестрашни животинчиња се адаптираат на човечкото присуство и нивната околина. Камповте и апартманите каде има шведска маса се ноќна мета на овие мали суштества кои се во потрага по закуски.

https://www.instagram.com/p/BtdhIy7na8V/

 

Куоката често може да се забележи на туристичките локациии и хостли, со други зборови, каде што овие животни лесно можеле да добијат оброк.

Куоките ги жртвуваат млaденчињата

Куоките поголемиот дел од времето го поминуваат одмарајќи се помеѓу оброците во некоја длабока сенка. Но, овие торбари се способни да сторат сé за да преживеат. Кога имаат проблеми со недостигот на вода, тие џвакаат листови, но ако не им се доволно сочни тие знаат да се искачат високо на дрвото за да дојдат до посвежи листови.

https://www.instagram.com/p/BuLT0QqgJcR/

 

Воедно доколку се нападнати од некој грабливец бегајќи тие можат од својата торба да го исфрлат младенчето за да го отргнат вниманието и со тоа тие го жртвуваат своето наследство за да се спасат, со цел дека пак ќе родат. Иако делува сурова во нивнот свет ова е прифалтиво.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button