Неколку домашни растенија за кои е докажано дека го подобруваат расположението и имаат позитивен ефект на здравјето
Не знаете какво цвеќе да набавите за вашиот дом? Прочитајте, можеби ќе го најдете одговорот …
Постојат растенија кои покрај естетската функција која што ја имаат во ентериерот можат да влијаат и на вашето здравје бидејќи е докажано дека го подобруваат расположението. Затоа вклучете ги во вашиот дом како природен антидепресив кој покрај ова и го разубавува просторот.
Еве кои се такви растенија:
Лаванда
Со илјадници години лавандата ја користат за смирување на нервите, за олеснување на главоболката, спречување на несоницата. И според бројни истражувања нејзините ефекти се потврдени, а посебно е интересно тоа што се докажа дека го намалува пулсот во стресни ситуации.
Истражувањата на германските и француските лекари покажаке дека лавандата помага полесно да се заспие. Покрај полезното дејство во просторот тие ја препорачуваат оваа билка и да се користи при нервоза, вознемиреност, депресија. Смирувачкото дејство на нервниот систем се должи на етеричните масла, кои се олободуваат во топлата вода, така што кожата може да ги впие. Покрај тоа, и самата топла вода делува смирувачки и ја подобрува циркулацијата во телото
Алое Вера
Египјаните го нарекуваа растение на бесмртноста, а по схоластичкото верување растението Алое Вера носи позитивна енергија во животниот простор.
Но ако тоа не ви е доволно, сигурно ќе ви биде драго да знаете дека Алое Верата го прочистува зракот поради што ќе спиете подобро, а самите листови кои од внатре имаат мека структура можете да ги користите во бјути рутина поради антибактериските односно состојки што се добри против запаленија.
Бршлен
Бршленот како растение познато е по одличните својства за прочистување на зракот, одлично го апсорбира канцерогените како смогот или чадот од тутун и го прави вашиот дом да биде почист. Бонус е тоа што лесно можете да се грижите за него и не сака многу вода и светло за растење.
Босилек
Покрај тоа што можете да го користите во кујна за јадење, босилекот содржи и органски спој на луналол кој често се користи во арома-терапијата односно докажано е дека го намалува стресот.
Научните студии утврдиле дека состојките на маслото од босилек имаат силно антиоксидантно својство, според тоа делува против стареење, против рак, вируси и микроби. Во Индија, босилекот традиционално се користи и како лек против стрес, астма и дијабетес.