Реклама
Кожа и нокти

Неколку генијални трикови за разубавување што ги прават ангелите на Викторијас сикрет

Реклама

За оваа необична постапка што ја обожаваат манекенките, а меѓу нив и Карли Клос се користи и мраз и замрзнати лажички.

Топ моделот Карли Клос сподели на својот Јутјуб канал утринска бјути рутина со која се подготвуваат манекенките на Викторијас Сикрет.

Маркетинг

Карли откри како се средуваат ангелите на Викторијас Сикрет наутро, пред да се случи познатата ревија. Тајната е во техниките на познатата козметичарка Џорџија Луиз која ги подготвува да изгледаат свежи и одморено.

Манекенката овие ефектни, но едноставни трикови, во траење од околу 20 минути, кои ги има научено од козметичарката Џорџија, ги препорачува доколку имате некој важен настан или ако сте во потрага по квалитетна утринска рутина.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BoSRxZfntgN/?utm_source=ig_embed

 

Мијте го лицето со мраз

За кожата да биде цврста и да изгледа свежо и одморено, Џорџија препорачува миење на лицето со коцки мраз во траење од 20 секунди. Покрај тоа што го подобрува квалитетот на кожата, оваа техника која треба да ја првите секое утро дополнително и ќе ве разбуди.

Нанесете течна маска

Следниот чекор во подготвувањето на ангелите на Викторијас Сикрет се состои во брзо нанесување на маска.

Маска за лице во течна состојба ставете ја на дланка. Пред да ја несете на лицето притискајте ја со дланките, додека да се загрее, а дури потоа нанесете ја на лицето.

https://www.instagram.com/p/Blrc0HqH6OU/?utm_source=ig_embed

 

Со крупни кружни движења на дланките нанесете ја маската на лицето, но водете сметка за распоредот – прво тргнете од средина на челото кон коренот на косата, потоа преку веѓите кон носот и „Т“ зоната, а потоа образите и завршете со покрети од вилиците кон горни0от дел.

Маската исчистете ја со навлажнето марамче со брзи движења

Не заборавајте на серум

За кожата на манекенките да можат да ја примат силната шминка на ревиите, круцијално е да нанесат хидратантен серум што одговара и спречува да се исуши кожата. Така што пред нанесување на поголема количина шминка, серумот нанесете го на лицето лежерно со притискање на врвовите од прстите. Оваа техника ја стимулира крвта и ја буди кожата на лицето, поттикнувајќи го брзото движење на кислородот низ крвотокот.

Замрзната лажичка

Последен чекор во подготовките на манекенките за престижните модни писти може да делува и по малку необично, но е ефикасен начин за намалување на подочниците и ублажување на другите несовршености на кожата.

https://www.instagram.com/p/BbuaDZnF5ia/?utm_source=ig_embed

 

Две поголеми лажици ставете во длабокото додека не станат многу студени, а потоа со нив измасирајте го лицето со кружни движења. Обратете внимание да тргнете од вилицата кон горниот дел од лицето и не заборавајте неколку секунди да ги држите потпрени на очните капаци

По овие трикови спремни сте за пистите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button