Некогаш сите воздивнуваа по неа, а сега прекрасната актерка е непрепознатлива со маска, ама заштитена од пандемијата
Ѕвездата на „Чувари на плажата“ актерката Дона Дерико (51) се штити од коронавирусот како и други јавни личности и се обидува со својата постапка да ги натера другите да бидат одговорни кон себе и кон најблиските.
Таа е сликана во Калифорнија додека во продавница носи заштитна маска на лицето со филтер.
Заштита и беше потребна додека купуваше тоалетна хартија во центарот на Лос Анџелес, каде веќе подолго време како и во повеќето супермаркети во Америка немаше ниту хартија ниту брисачи.
Актерката моментално се наоѓа во самоизолација за која сама се одлучила, како и низа други холивудски ѕвезди, вклучувајќи ги и Ванеса Хаџенс, Никол Шерзингер и многу други.
Дона не сакала да ризикува ниту секунда, па затоа носеше маска додека беше во маркет по најпотребните работи во време на криза и пандемија.
Таа се определи за црна удобна тренерка и црвена „безбол“ капа, додека на рака имаше чанта.
Косата ја поткренала во пунџа, и никој не ја препозна на улица, освен искусните фоторепортери.
Актерката од купување со насмевка на лицето се врати дома, веројатно затоа што го најде тоа што го бараше.