Некогаш и сега! Погледнете како една од најпознатите фолкерки во МАКЕДОНИЈА го промени изгледот во последните 10 години
Стиховите „Раке пуке, раке шлаке“ станаа препознатливи за Сања Ристеска.
Нејзината песна стана хит, а нејзиниот прово-кативен стајлинг, високи потпетици и деколте ја разбранува целата македонска јавност, а спотот се уште се врти на социјалните мрежи.
И додека некои ја критикуваа, многумина ја пофалија за храброста, а оттогаш досега Сања созреа и многу се промени.
Сепак она што остана непроменето кај неа е убавината која секако ја краси, но и витката фигура.
Таа деновите ги поминува покрај тиркизното Охридско Езеро од каде сподели фотографија направена покрај крајбрежјето во костим за капење и приреди глетка за паметење.
Седната на камен, Сања уживаше во зајдисонцето, а оние кои ја погледнаа фотографијата уживаа во погледот кој Сања го приреди.
Откако сонцето зајде Сања реши малку да се забавува па седна во познат охридски хотел каде настапуваше нејзината колешка Елена Велевска, па уживаше со убаво друштво со нејзините псени.
Насмеана дотерана и весела Сања позираше заедно со Велевска.
Инаку додека траеше коронакризата Сања воопшто не мируваше, туку сними нова песна.
Емотивна песна „Брат и сестра“ која е цела една приказна за нераскинливата љубов која постои помеѓу сестрата и братот, а ја испеа со Александар Талески.
Од снимање на спотот за песната „Ме заболе“ до спотот за „Брат и сестра“ Сања како да созреа па изгледа неверојатно и речиси непрепознатливо.
Годините не и можат ништо
Фановите на познатата фолкерка се навикнати да ја гледаат во најразлични изданија, но денес таа изгледа многу поразлично отколку на почетокот од својата кариера. Неколку фотографии од тоа време погледнете во галеријата што следува.
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска