Реклама
LIFESTYLEВирално

Некогаш била успешен модел, а сега живее на улица (видео)

Реклама

Дина Диче во помладите години беше успешен модел и живееше гламурозен живот, а сега е 42-годишна жена која живее како бездомник.

Нејзината полусестра Реган Пиа Кара Диче вели дека им е тешко на целото семејство откако Дина ја виделе во документарниот филм „60 дена на улица” на британскиот Канал 4.

Маркетинг

Бидејќи некогаш била убава и успешна, нејзината актуелна состојба и животна ситуација ги шокираше многумина откако видоа како спие на улица.

„Некој да ми кажеше дека ова ќе се случи на мојата полусестра не ќе можев да поверувам. Иако ми е позната нејзината сегашна состојба, тажно е кога тоа ќе се види јавно, како да е друга личност, а не нашата Дина” изјави нејзината полусестра, која беше сериозно загрижена за Дина и додаде дека се надева оти ова е последниот повик „за поддршка”.

Маркетинг

Таа рече дека поранешниот модел е добра личност и мајка, поради што се надева дека шоуто во кое таа е прикажана ќе биде повик за будење и менување на начинот на живот.

Дина и Реган имаат ист татко, со кого Реган отиде да живее во Бристол, додека Дина остана со својата мајка во Манчестер.

„Кога бевме помлади, таа се грижеше за мене да не западнам во неволја, доаѓаше кај нас дома. Ќе го посетеше татко ми и мене и ќе ми донесеше чевли. По неколку години отидов во Манчестер, бев две или три недели со неа и нејзиниот сопруг. Ние секогаш бевме блиски, па затоа ми е тешко да ја гледам во таква состојба “, објасни Реган, признавајќи дека и двете биле зависници од наркотици, но таа престанала по некое време, а Дина станала зависник.

 

„Таа во младоста беше баран убав модел, со посебна харизма, не можам да кажам дека е лоша личност, моменталната нејзина состојба е поради лошите одлуки што ги има донесено во нејзиниот живот“, вели Реган.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button