Реклама
Нега и здравје

Нека не ве лажат, ова се вистинските факти за корона вирусот, како се пренесува и како да се заштитите

Реклама

Научниците од Харвард сметаа дека корона вирусот неизбежно ќе зафати меѓу 40 и 70 отсто од светската популација, но сепак смируваат дека најголем дел од заразените ќе поминат без никакви последици.

Од друга страна, еден од најпознатите српски пулмолози, професор д-р Бранимир Несторовиќ ја открива вистината за вирусот поради кој со недели се тресе цела планета и  разјаснува за некои од заблудите врзани за корона вирусот.

Според неговите зборови, корона вирусот не е примарно респираторен, туку цревен вирус, значи примарно предизвикува пролив.

Маркетинг

-Повеќето луѓе мислат дека корона вирусот се пренесува исклучиво со кашлање, кивање, а доволно е, на пример, да заврши на рацете, вие да ги протриете очите и тој е веќе во вашиот организам. Тој е примарно цревен вирус, а не респираторен – вели тој.

Несторовиќ објаснува дека не постои вистинска превентива:

-Препорачуваме миење на рацете со сапун, алкохолни марамчиња или спрејови за дезинфекција. Носењето маски е исто така во ред, но повторувам, овој вирус е интересен зошто релативно слабо се пренесува со кивање и кашлање, додава Несторовиќ.

Како што вели професорот, корона вирусот има клиничка слика на типичен грип. Генерално, нагласува тој, не му е претерано јасно зошто сите се возбудени толку.

„На официјалниот сајт на кинеската агенција за борба против инфективните болести ЦЦДЦ секој ден објавуваат извештаи за заболени за бројот на заболени, колкава е смртноста. Да речеме смртноста на децата е мала, под 0,2 отсто, заболени жени има многу малку, починати, уште помалку. Главно умираат постари мажи, од 60 години настапува зголемен ризик, а освен нив, загрозени се и хроничните болни. Тоа е официјалната кинеска статистика. Некои можат да кажат дека информациите не се точни, но тоа се нивни податоци, вели Несторовиќ и додава:

Епидемиологот Марк Липтич од Харвард предвидува дека со корона вирусот до крајот на годината ќе бидат заразени од 40 до 70отсто од жителите на планетава. Но овие прогнози , вели тој не треба да предизвикаат паника зошто повеќето луѓе дури нема ни да имаат симптоми на болеста, што е веќе случај кај многу позитивно тестирани на КОВИД – 19. Од друга страна, токму асимптоматичноста ќе го направи овој вирус незапирлив.

-Пишува дека смртноста од вирусот е преполовена во однос на јануари, значи во февруари во однос на бројот на заболени дупло малку луѓе починале отколку во јануари.

Симптоми

Висока температура

Кашлање

Краток здив

Тешкотии во дишењето

Превентива

Често миење на рацете со сапун или со гел за дезинфекција

Избегнување масовни собири

Да не се допираат очите, носот и устата со валкани раце

Кашлање и кивање во марамче

Носење маска

Период на инкубација

Вообичаено од 2-14 дена

Можно до 27 дена

Најголем ризик е за хронично болните:

Кардиоваскуларни

Дијабетичари

Хронична респираторна болест

Хипертензија

 

Поврзано

Back to top button