Незгодни прашања за Мики и убавата девојка за која се шушкаше дека се заљубиле во „Ѕвездите на Грaнд“
Финалистите Мики, Шејла, Андријана и Јулија од „Ѕвездите на Гранд“ беа гости во „Ами-џи шоу“
Мики ова не го очекуваше…
Мики Секуловски заедно со Андријана Петрушовска, Шејла Зониќ и Јулија Петровиќ беа гости во „Ами-џи шоу“ на Огнен Амиџиќ.
Емисијата помина одлично, но познатиот водител му постави и неколку незгодни прашања на Мики кои се однесуваа и за Јулија.
Имено, Мики и Јулија беа мошне блиски за време на натпреварот во „Ѕвездите на Гранд“ (повеќе за нивнта блискост дознајте тука), па Огнен го праша велешанецот кој e повеќе заљубен во кого, Мики во Јулија, Јулија во Мики или Бета Судар во Мики.
Принтскрин/ Јутјуб, Ами-џи шоу
Мики секако одговори џентламенски, дека тој повеќе ја „меркал“ Јулија отколку таа него, па следуваше уште едно провокативно прашање.
„Зошто се однесуваше како полицаец кон другите машки кандидати кога ќе и се доближиле на Јулија“, го праша Огнен.
Принтскрин/ Јутјуб, Ами-џи шоу
„Тоа не е точно. Кој го кажа тоа?!“, одговори најпрво Мики со насмевка, а потоа додаде: „Па, можеби само малку ја бранев, знаеш…“
„А дали е точно дека повеќе беше на проби кај Ѓорѓе Давид отколку кај твојата менторка Цеца токму заради Јулија?“, му постави уште едно незгодно прашање познатиот водител на Мики.
Принтскрин/ Јутјуб, Ами-џи шоу
„Не, бев на проби затоа што сакав да научам нешто“, кажа Мики, па се насмеа, но ги насмеа и сите останати во студиото.
Водителот потоа откри и дека Ѓорѓе Давид го поканил Мики да му биде гостин на концертот што ќе се случи во август, а незгодни прашања следуваа како за Јулија, така и за Андријана Петрушовска.
Повеќе детали погледнете во продолжение…