Погледнете што ви порачуваат ѕвездите на поле на љубовта, работата и здравјето за период од 24 до 30 август 2015 година.
Што ви носи неделата која е пред вас прочитајте во хороскопот на Штипка. Со еден клик проверете што ви е запишано во ѕвездите за наредниот период како и за тоа дали ќе ви се исполнат желбите и соништата. Секоја недела ве очекува нов хороскоп, додека пак, на крајот од месецот ве очекува месечниот хороскоп за наредниот месец. Проверете што ве очекува на деловен план, но и како да се решите од љубовните проблеми кои се пред вас.
На нашата страни прочитајте дали Овните, Биковите и Лавовите ќе бидат погодени од стрелите на Амор или пак тоа периодов е резервирано само за Риби и Девици. Со само еден клик ѕирнете во својата иднина и проверете што ве очекува и како да се носите со убавите, но и со предизвиците во неделата која што е пред вас. Ако пак сакате да го прочитате и големиот месечен хороскоп, кликнете тука.
OВЕН
Пред сè, не правете големи или важни планови поврзани со пари. Оваа недела ќе биде покомплицирана на финансиски план и треба да бидете попопретпазливи. Стари лаги или измами поврзани со пари ќе излезат на површина. Загриженост поврзана со посета на болна личност, кај која одеднаш ќе се појават здравствени проблеми. Проблем или непријатна средба со лица родени во знакот на Стрелец, Овен или Лав. Претстои средба/дружба што ја очекувате за специјална пригода или романтичен датум, но на која веројатно ќе бидете навредени од некого или ќе бидете повредени намерно со зборови или со прекршување на некое ветување.
БИК
Разни настани во животот на роднина во знакот на Вага, Водолија или Близнаци ќе ве натераат да размислувате за некои важни моменти во вашата врска. Решавање на семејни проблеми или прашања важни за вашето семејство. Лоши вести во врска со лице кое живее во друго место. Неповолна недела за патување за машките припадници на овој знак. Важна промена во животот на еден пријател ќе има одредено влијание врз вашиот живот. Најверојатно ново познанство за младите, кое ќе наложи донесување голема одлука или промена на самиот почеток.
БЛИЗНАЦИ
Оваа недела може да се очекувате изненадување од ќерка, внука или друга млада жена во вашето семејство. Вести во врска со раѓање на женско бебе.
Ако се наоѓате во процесот на менување на работно место неделава, тоа дефинитивно ќе биде за добро. Може да биде бавен процес, но никако не е случаен. Евентуално заминување од работа на колега роден во знакот на Риби, Рак или Шкорпија. Среќна недела поради поволни вести или настани поврзани со сегашно или идно купување. Тоа може да е поврзано со личност во знакот на Бик, Девица или Јарец – но не мора да постои директна поврзаност.
РАК
Нова можност, нова шанса во вашиот дом или во врска со нов дом ќе биде причина за контроверзии, спор, па дури и конфликт. Наместо да бидете среќни за нешто добро што може да се добие од една ваква нова ситуација, постои шанса да уништите сè. Проблеми од финансиска природа, исто така, ќе бидат за мали нешта или за мал износ на пари, но сепак бидете внимателни за вашите емоционални реакции кон саканите и најблиските, бидејќи тие може да бидат многу длабоко повредени. Вести од млада жена, кои, исто така, се поврзани со пари, без разлика дали се поврзани со неа лично или носат никакви ефекти врз вашиот личен/професионален живот.
ЛАВ
Оваа недела може да ве изненади со некои мали здравствени проблеми на машко лице кое е член на семејството или со кого имате важен деловен/професионален однос и планови. За Лавовите од машки пол здравјето ќе биде кревко неделава и затоа е добро да внимавате на здравиот начин на живеење и повеќе да се одмарате. Оваа недела ќе има возбудлива и брза разделба, раскинување на врска, преселба во друго место на лице родено во знакот на Лав, Овен или Стрелец. Некои жени ќе бидат среќни да флертуваат или да добиваат посебно внимание на работното место. Генерално, љубовниот живот на Лавиците може да биде доста интересен во текот на овие седум дена.
ДЕВИЦА
Средбата со странци или со нови луѓе ќе биде еден од интересните настани оваа недела. Веројатност за вакви контакти со лица во знакот на Јарец, Девица или Бик. Обид за помирување со личност со која сте имале комплексен однос во последните месеци. Многумина се надеваат на парична или материјална добивка, но овие надежи ќе бидат неразумни или илузорни. Поголема улога во ваков настан може да игра лице родено во знакот на Риби, Шкорпија или Рак. Ќе очекувате важно патување, на кое ќе одите или е планирано во животот на блиски, важни луѓе за вас. Ако сте вклучени во судски процес кој е закажан во друго место, работите ќе се одвиваат според очекувањата (а не во согласност со вашите желби!).
ВАГА
Оваа недела може да наидете на лицемерие од девојка или млада жена, може да бидете разочарани од нејзините постапки и коментари и да станете „жртва“ на откривање на ваши лични тајни од нејзина страна и од други. Избегнете лаги и манипулации, затоа што оваа недела тие ќе „работат под полна пареа“, но многу непријатно за вас. Животната шанса или среќата за лице во знакот на Вага, Близнаци или Водолија ќе биде во ваши раце бидејќи тоа нема поткрепа од други, му недостасува амбиција, несигурно е или слично. Ќе размислувате за мал трошок поврзан со децата, со нивните лични желби и соништа. Вести поврзани со мајчинство ќе дојат од релативно блиско место за вас.
ШКОРПИЈА
Љубомора или конфликт со саканото лице ќе ве натера да го видите во ново светло или да се уверите во искреноста на чувствата на тоа лице кон вас. Вест или динамична преписка од љубовен карактер поврзана со лице од друго место. Решавање на проблеми во семејството, помагање на роднина во време тешко за него/неа, расчистување на наталожени проблеми меѓу роднини. Можност за стабилизирање на брачната заедница, која што е премногу кревка во моментов. Ништо, сепак, не паѓа од небото и вашата улога дефинитивно ќе биде многу важна и одлучувачка. Разочарување може да се случи поврзано со преголеми очекување за заработка оваа недела или во врска со добивање одреден износ на пари.
СТРЕЛЕЦ
Оваа недела можни се проблеми од финансиска природа поради повисоки трошоци, неочекувана загуба на приход во кеш или поради откажување на нарачка (ако сте трговци или производител) и слично. Препорачливо е да бидете разумни и претпазливи во трошењето пари за да не се најдете во проблематична ситуација. Неочекувани настани поврзани со луѓе Лав, Овен или Стрелец кои ќе ви дадат надеж за нешто. Од друга страна, лица во знакот на Риби, Рак или Шкорпија може да создадат бариери така што ќе ве оптоварат со нивните проблеми, а вие ќе треба да ги поправите нивите грешки и пропусти. Лоши вести во врска со здравствена состојба на жена што ја познавате лично.
ЈАРЕЦ
Оваа недела некои од вас може да започнат или да развијат интересна врска на работното место. Особено интересен и дури и перспективен развој може да следи доколку станува збор за романса и љубов. Интересно познанство преку веб-сајт или агенција за посредување. Ако сте вклучени во парница, бидете внимателни како постапувате во однос на совети што ги добивате од машко лице. Ако другата страна во оваа парница е машко лице, пазете се од искрснување на неочекувани факти, откривање тајни и многу повеќе. Неделава ви претстои поволна шанса или среќа од машко лице во знакот на Вага, Близнаци или Водолија. Ништо во овој живот не е случајност и не се случува без причина. Запомнете го ова кога таквата ситуација ќе ви се појави во вашиот живот…Сè на сè, оваа недела ви нови нова можност па бидете мудри и реализирајте ја истата.
ВОДОЛИЈА
Оваа недела ќе имате право да се разгневите или да се налутите некому во знакот на Бик, Девица или Јарец. Тоа дури може да доведе до конфликт, иако непожелен, бидејќи вистините секогаш излегуваат на површина коишто не ни се допаѓаат, па дури може да се земат и како навреда.Очекувајте трошоци, кои се дефинитивно непотребни или премногу екстравагантни, направени на емотивна основа без многу значење во нив. Патување поврзано со девојка или млада жена од вашето семејство или настани поврзани со девојка/млада жена која живее во странство. Поволни недела за преселба или менување на дом за младите девојки- Водолии.
РИБИ
Пред вас е собирање/седенка која ќе се одвива неволно или под принуда. Неочекувано, ќе поминете многу пријатно време со нови и интересни луѓе, ќе имате состаноци и ќе водите корисни разговори.Ќе добиете пари во домот поврзани со дете или ќе добиете пари од дете. Трошоци за деца, но најчесто поврзани со голем, судбински настан во нивните животи. Можен подарок од машко лице, без разлика на вашиот однос со него – роднински, професионален, друштвен, романтичен и друго. За Рибите од машки пол следи обврзаност/решавање во врска со документи поврзани со имот или недвижнини.