Хороскоп

Неделен хороскоп за 2 – 8 ноември, 2015

Advertisement

Хороскопски хумор: автомобили и хороскопските знаци

Каков автомобил би возеле Близнаците?
Автомобил? Мислиш два автомобила.

Advertisement

 

Овен (21 март – 20 април)

12oktoven

Advertisement

Оваа недела ќе ве израдува со вести или телефонски повик/покана што ќе ги добиете од личност во знакот на Бик, Девица или Јарец. 
Претстојните средби и разговори ќе бидат важни и корисни.

Сега ќе акумулирате информации што ќе ги најдете или ќе ви бидат дадени. Во овие информации ќе најдете нешто важно за вас. Сега ќе треба да реализирате важна промена, план или идеја.

Единствените тмурни облаци во ова време ќе се појават во личниот или професионалниот живот на некое машко лице кое ви е блиско. Можно е вашите нереализирани очекувања за таквата личност на моменти да ве растажат и да ви ја одземат надежта за нешто подобро.

Бик (21 април – 20 мај)

12oktbik

Она што ќе го набљудувате оваа недела или она што ќе биде важен дел од вашите обврски и планови ќе бидат настани поврзани со животот на млада девојка или жена која не живее со вас. Се разбира, таа може да е ваша роднина, пријателка, партнерка, но во овој момент таа има потреба од специфична помош и разбирање.

Сега може да очекувате промени и нови планови поврзани со средби, собири или посети на разни институции. Ќе има завршување на обврски, задолженија, исполнување на ветувања и многу повеќе.

Може да има конфликт/тензија во вашиот љубовен живот доколку имате партнер во знакот на Риби, Рак или Шкорпија. Но, ова нема да биде ситуација која ќе ја загрози вашата врска…

Близнаци (21 мај – 20 јуни)

12oktbliznaci

Оваа недела ќе мора да се грижите или посериозно да се посветите на трошоци поврзани со имот или наследство што се наоѓа во друго место или нешто што во моментов се транспортира по копно, море или воздух. Најверојатно ќе имате непредвидени компликации или дополнителни трошоци.

Ќе добиете вест во врска со голем успех во животот на личност родена во знакот на Овен, Лав или Стрелец.

Оваа недела мажите-Близнаци ќе имаат подобри финансиски можности или предлози во врска со дополнителни приходи.

Веројатно ќе добиете пари од машко лице во форма на документ, договор или спогодба.

Жените-Близнаци треба да бидат внимателни во нивните односи со други жени, особено кога споделуваат лични, интимни или други важни информации. Бидете претпазливи од премногу блиски односи со лица во знакот на Водолија, Вага и Близнаци.

Рак (21 јуни – 20 јули)

12oktrak

Неочекувана здравствена слабост може да ви ја одземе можноста да бидете физички активни и доволно енергично да ги спроведете обврските и задолженијата во текот на неделава. 
Проблемите со кои ќе се судрите може да влијаат врз вашата физичка, ментална и емоционална состојба.
Ќе има важен настан што вклучува дете или внук кое ќе има прилика да биде дел од семеен собир, средба со роднини и друго.
Ќе разговарате за работа или бизнис со близок пријател, сосед, бизнис партнер. Можно е да ве замоли за некоја услуга или да направите некоја работа за која вие имате квалификации и искуство.
Ќе има посета на вашиот дом од страна на службено лице или некој кој ќе дојде со одредена цел.

Лав (21 јули – 21 август)

12oktlav

Оваа недела би можела да биде многу продуктивна за мажите-Лав. Ќе бидете во можност да постигнете успех во вашата работа, особено ако таа е поврзано со пари. Ќе имате можност да потпишете поволни и ветувачки договори за вашите зделки, да најдете нови клиенти и друго.

Ќе добиете пари од личност родена во знакот на Риби, Рак или Шкорпија.

Ќе купите нешто за вашиот дом или ќе се реши мал проблем околу сопственост на најдобар можен начин за вас.

Ќе добиете вести во врска со непријатен настан во животот на дете или тинејџер. Може да бидете загрижени за проблемите или тешкотиите на млад човек кој е ваш роднина.

Оваа недела, децата родени во знакот на Лав може да се соочат со поголема изнемоштеност или бројни здравствени проблеми.

Девица (22 август – 22 септември)

12oktdevica

Оваа недела ќе треба да размислувате посериозно за вашето или за здравјето на некој близок. Може да организирате процедури поврзани со одреден вид на лекување, стоматолошки третман, козметички промени и друго.

Еден стар проблем повторно ќе создаде непријатност, но нема да бидете во можност да го решите во моментов.

Ќе има изненадување во вашиот дом поврзан со добивање/наоѓање мала сума пари.

Луѓето кои живеат во вашата близина ќе ве изненадат, а ова може да биде поврзано со повик, состанокот, понуда, важни информации за вас и за другите.

Оваа недела многумина од вас ќе треба да одржат важен разговор со љубовниот партнер за иднината на вашата љубовна врска. Ова ќе биде време да се преземат некои чекори кон сериозна посветеност, заедничко живеење и слично.

Вага (23 септември – 22 октомври)

12oktvaga

Неделава ќе донесе промени во вашата работа, коишто ќе вклучат врска со маж роден во знакот на Јарец, Девица или Бик. Можно е овие промени да се однесуваат на нова личност во вашата професионална средина.

За младите мажи-Вага, оваа недела може да биде време да се започне нова кариера, обука, нова работа или нови обврски, презентација пред публика и друго.

Оваа недела, меѓутоа, многу Ваги ќе подлежат на голем тест кога ќе бидат на раб на донесување премногу силна и судбоносна одлука за иднината. Во повеќето случаи ќе бидат под притисок поради искрснување на една необична ситуација.

Можна е појава на конфликт, спор или непријатно недоразбирање со жена со која имате закажано состанок или некој контакт.

3d star

Шкорпија (23 октомври – 22 ноември)

12oktskorpija

Односите во вашето семејство оваа недела ќе бидат ставени на тест, а ќе бидат поврзани со девојка или жена.

Можно е дека ќе има откривање на тајна, неискрени намери и постапки, лицемерни ветувања и обиди да се создаде интрига.
Чувајте ги семејните тајни; не обелоденувајте ги.

Следат нови контакти со некоја личност од далеку родена во знакот на Близнаци, Водолија или Вага.

Ова ќе биде поволно време за нова романтичен состанок или романтична средба со лице од друга заедница.

Ќе патувате за задоволство, ќе се среќавате со пријатели или важни луѓе за кои се грижите.

Оваа недела ќе ви биде дадена шанса да реализирате стар сон или желба, но сега вашите приоритети се различни и некако задоволството што тоа ќе ви го даде нема да биде исто во споредба со она што би го имале доколку сонот или желбата биле остварени порано. Во последно време, среќата или шансите веќе не го имаат истото значење за вас како порано. Поверојатно е дека ова е поврзано со вашиот љубовен живот.

Стрелец (23 ноември – 21 декември)

12oktstrelec

На прагот сте да доживеете радост, сатисфакција или други позитивни емоции за луѓе, обврски и надежи поврзани со патување или други нешта.

Можете да се релаксирата за иднината на вашето патување до крајот на оваа или во 2016 година.

Вест ќе добиете во врска со здравствени проблеми на една личност во вашиот круг на пријатели.
Проблеми можат да се јават со дете или млад човек роден во знакот на Водолија, Вага или Близнаци.

Ако вашата работа е поврзана со деца или млади луѓе ќе бидете во можност да им помогнете или да си помогнете самите во непријатен момент/ситуација.

Ќе треба некому да соопштите некои лоши вести или информации, а тоа нема да биде лесна задача.

Јарец (22 декември – 20 јануари)

12oktjarec

Оваа недела, вашиот љубовен живот ќе биде причина за сериозни дискусии, одлуки и акции. Вашата врска со огнени и земјени хороскопски знаци ќе биде претежно комплексна.

Нови состаноци со лице во знакот на Овен, Лав или Стрелец ќе завршат прерано за вас.

Оваа недела може да ве изненади со некои пожелни и непожелни промени на работното место, во образованието или бизнисот. Ќе треба да поставите некои нови цели, а ќе имате потреба од нови знаења и вештини. Може да почнете со обука за нов бизнис, производ, ново производство, да вклучите нови клиенти или, пак, да започнете рекламирање на нов производ.

Неочекувана финансиска врска со жена ќе вклучи добивање пари, примање атрактивна понуда за работа/или дополнително ангажирање или враќање на кредит и друго.

Водолија (21 јануари – 19 февруари)

12oktvodolija

Ви претстои непријатен конфликт во врска со пари. Проблемот не е поврзан со голема сума пари, туку со начинот на кој некој се обидува да ве искористи, да ве игнорира во врска со важно прашање и друго.

Проблеми ќе се појават во врска со момче или млад маж од вашето пошироко семејство кое ќе се обиде да лаже, да манипулира некого за своја лична корист. Тој најверојатно ќе има добра причина за тоа, но за вас таа нема да биде изговор.

Можете да очекувате собир или состанок за специјална пригода во врска со девојка или жена.

Ќе мора да направите неочекуван и непланирани избор за подарок за Божиќ на дете, девојче или жена во вашата непосредна околина.

Риби (20 февруари – 20 март)

12oktribi

Пред вас е успешна и интересна недела, особено ако имате доволно енергија и амбиција да го реализирате она што ви се дава како шанса и можност во следните неколку дена.

Вие самите ќе разгледате некои смели чекори во врска со презентирање на вашите идеи, уметнички дела ако сте креативна или уметничка личност.

Ќе има важен настан поврзан со вашиот татко, дедо, брат или друга машка личност во најблиското семејството.
Можете да добиете вест или покана од личност за настан поврзан со веридба или свадба.

Финансиски работите нема да бидат оптимистички за вас, но во секој случај, не постои причина да се грижите.

Може да се разочарате во вашите очекувања за пари поврзани со личност родена во знакот на Риби, Рак или Шкорпија.

 

Големиот месечен хороскоп за ноември ве чека овде.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button