Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп за периодот 8-14 февруари, 2016

Реклама

Прашање: Колку Јарци се потребни да се смени една сијалица? 
Одговор: Ниту еден. Јарците не може да си дозволат нови сијалици – освен ако не се легитимен бизнис трошок.

ОВЕН (21 март – 20 април)

Маркетинг

Очекувајте важни настани во врска со родителите, постари роднини или пријатели. Во повеќето случаи станува збор за претходно испланирани, очекувани работи. Вашиот однос со спротивниот пол ќе биде поконзистен и похармоничен од оној со лицата од истиот пол. Собирање за специјална пригода во вашето или во семејството на ваши роднини и пријатели. Финансиски, оваа недела ќе биде нормална, без некои значајни промени од вашите очекувања. Вие може да се смета само неочекувани трошоци кои не се планирани.

Маркетинг

БИК (21 април – 20 мај)

Решавање на материјално или имотно-правно прашање. Ќе добиете документ од ваков вид од институција, банка, даночна или правна служба. Успешно недела за вашата работа, особено ако сте поврзани со производство, трговија, стоки… Многу внимателно ќе следите вести, информации или предлози за кои ќе се сомневате дека се неточни, изманипулирани, лажни. Внимателно ќе следите и озборувања или интрига поради ваш личен интерес. Неочекувани лоши вести во врска со лице кое го го знаете – од семејството, пријателите или од професионалната средина. Не трошете пари за нешта за кои не сте сигурни за нивниот квалитет или за кои немате итна потреба.

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Проблеми поврзани со патување или со луѓе од друга заедница може да се појават или влошат. Ќе треба да водите важни разговори или да донесете важна одлука. Стар здравствен проблем ќе се појави пак, но ќе помине брзо, веројатно со медицинска помош или потребните лекови. Може да се изгубите или да заборавите нешто, но веројатноста за наоѓање на истото е голема. Ќе дискутирате за приходи, финансии, можности да се зголемат истите, за дополнителни работни обврски и друго. Ќе бидете вклучени во многу активности, но не сите од нив ќе ви донесат позитивни емоции. Општо земено, вие филозофски гледате на животот, па затоа тешкотиите оваа недела нема да ви создаваат депресивно или меланхолично расположение.

РАК (21 јуни – 20 јули) 

Тензии или конфликти може да искрснат помеѓу вас и дете/младо момче во знакот на Бик, Девица или Јарец. Конфликтот може да стане многу непријатен, па ако може да го избегнете, би било добро, во најголем дел за вас. Во животот на младите припадници на овој знак ќе се појават настани, ситуација поврзана со стара љубов или претходен брак. Без оглед на поводот, овој дел од минатото ќе искрсне. Ќе се обидете да щ помогнете на девојка или млада жена во тежок момент за неа. Лоши вести поврзани со женско лице – ја чека поволен развој на настаните во наредните денови или недели. Можно е нова љубов да ја замени старата.

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Многумина од вас ќе треба да закажат специјален состанок или настан поврзан со жена (роднина или пријателка). Очекувајте поддршка, понуда или посебен гест на внимание од жена во знакот на Вага, Водолија или Близнаци. Можна и нова љубов за момите со машко лице во еден од овие три знаци. Настани може да се развијат во врска со нови соседи или нови семејни пријатели. Ќе се надевате на нешто во врска со вашиот дом или домот на лице во знакот на Рак, Шкорпија или Риби, кое е од вашиот круг на пријатели. Ќе има решение на едно навистина непријатно задолжение/обврска поврзано со пари, финансиски документ или договор. Компликација или некоја пречка може да искрсне за добивање пари оваа недела.

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември) 

Ќе имате комплексен однос со лице со кое работите заедно или имате заеднички професионални контакти, веројатно во знакот на Бик, Девица или Јарец, но кое има непријатен карактер и е добро познато по неговата/нејзината тврдоглавост и конфронтирачка природа. Може да се надевате на добри вести од друго место. Веројатно ќе добиете пратка, стока или други материјални работи. Ако патувате со одредена цел оваа недела, може да очекувате успех. Повод за размислување ќе биде спор или конфликт во семејството што ќе ви покаже кој што мисли и кој какви цели и желби има. Со некои работи може да се помирите и да направите компромис, но не со сите.

ВАГА (23 септември – 22 октомври)

Ќе водите разговори во врска со идно мајчинство или со дете. Можно е да разговарате или преземете конкретни активности за трошоци за ваше дете/внуче за образование; за поседување/изнајмување дом, скапи предмети… Некоја радост, избрзано изживеана, од мажи-Вага до 35 години ќе се покаже како лажна и како измама. Илузија ќе се појави поради неточни или непроверени информации, менување на околностите и други. Со некој трик може да направите чекор напред, но не за долго. Средба или разговор ќе се одржи со девојка или млада жена која ќе биде под голем стрес, исплашена или загрижена за нешто. Нејзините солзи не се лажни. Таа навистина носи голема болка во срцето, без разлика што покажува во јавност.

ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)

Ќе имате многу интересна недела исполнета со разни состаноци и настани – понекогаш бизарни, но секогаш судбоносни. Може да ставите крај на нешто. Ќе ви се даде уште една шанса, неочекувано, да запознавате нови луѓе. Ќе постигнете успех, со голема доза на среќа. Пред вас е недела која сигурно ќе заземе важно место во вашиот календар. Изненадување во врска со неуспех, загуба или кражба ќе биде поврзано со машко лице од вашата непосредна околина. Пазете се од љубопитен човек во врска со професионалните или вашите лични прашања. Може да се појави неочекуван момент на здравствена слабост, висок крвен притисок, тешка мигрена и друго, што ќе ви покаже дека стресот во животот налага соодветен начин да се опуштите и да се одмарате.

СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)

Оваа недела може да ви донесе емоционално семејно обединување или состанок со роднина/роднини. Можно е да имате повеќе ангажмани во семејството, за кои нема да добиете доволно поддршка и разбирање од роднините. Очекувајте многу позитивни емоции поврзани со девојка или млада жена. За младите жени до 35 години ова ќе биде успешно време за спроведување/реализирање на некои цели – успешно решавање на проблеми, нови шанси и можности… Постои можност за неочекувана материјална добивка. Ќе донесете важна одлука во врска со патување што некако ќе биде поврзано со жена. Жените над 35 ќе ги разгледуваат идните промени во животот поврзани со преселба или патување.

ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)

Оваа недела ќе задоволи голем број претставници на знакот Јарец со љубовни искуства. Можна е нова љубовна врска или сегашната врска да ја развиете на повисоко ниво, вклучувајќи посериозно обврзување. Врските со партнери во знакот на Риби, Рак или Шкорпија ќе се покажат особено интересни. Изненадувачки, но некој настан за младите мажи-Јарец ќе биде поврзан со некој вид на неуспех, загуба или нови проблеми што имаат корен во стари проблеми и грижи. Ќе има продолжување на односи со машко лице со кое сте изгубиле контакт од различни причини. Вести или предлози што ќе ги добите оваа недела ќе ве натераат сериозно да размислувате за бенефициите и изгледите на истите. Обрнете внимание на вашата посебна комуникација со лице во знакот на Вага, Водолија и Близнаци.

ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари) 

Веројатно ќе имате проблеми од финансиска природа кои се однесуваат на ваши пријатели или професионални односи. Пријателите или бизнис партнерите ќе ги споделат своите финансиски проблеми со вас бидејќи тие претставуваат сериозна потешкотија за нив. Ќе бараат или ќе очекуваат помош од вас. Ќе имате проблеми и грижи за деца или млади роднини од семејството. Проблеми со деца може да искрснат доколку вашата работа е на некој начин поврзана со нив. Веројатно ќе се вклучите во продажба или изнајмување на имот, опрема, куќа/стан… Во некои случаи, може да станете жртва на нечија агресија. Пазете се од непријатни грешки од материјална природа.

РИБИ (20 февруари – 20 март)

Во текот на неделава, околностите и луѓето ќе бидат поволни за вас. Ќе постигнете успех во врските или разговорите со луѓе кои досега биле проблем за вас. Успех или помош може да дојде од лица во знакот на Бик, Девица или Јарец. Лоша вест или настан може да се појави; ќе биде поврзан со лице со кое имате или сте имале заеднички професионални контакти. Мажите над 35 години може да поминат низ стресна ситуација на работното место или во контактите со луѓе кои претставуваат влада, банки, правни или даночни власти. Очекувајте развој на конфликт што ќе се појави поради лага, измама, интриги, лицемерие и многу повеќе.

Големиот хороскоп за цела 2016 година ве чека овде, а за месечниот хороскоп за февруари 2016 кликнете тука.

Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button