Неда Украден се coблече во костим за капење, нејзината внука ја ФОТОГРАФИРАШЕ – бабата направи хаос на Инстаграм!
Коментари се уште се редат под фотографијата што ја направи внуката на популарната фолк-пејачка.
Неда Украден е една од ретките жени на нејзини години која нема никаков проблем да покаже како ужива на својот годишен одмор. Таа и овој пат ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм кога реши да сподели фотографија на која позира во костим за капење.
Пејачката која веќе одамна чекори во осмата деценија се уште гордо го покажува своето тело кое за нејзини изгледа одлично.
Таа е негуван жена која држи до својот изглед, а како изгледаше во ова издание погледнете во продолжение:
Неда позираше во едноделен костим за капење во розова боја кој е совршен модел за жени н нејзини години.
Но покрај тоа што докажа дека за свои години и те како добро и негувано изгледа, таа и порачува да заборавиме на предрасудите.
„Некој да ми кажеше дека ‘животот е убав’ и кога ќе наполниш 7 банки, дека ќе пеам, патувам, уживам со своето семејство, работата, животот, веднаш би му кажала: ‘Се шегуваш’. Но, вистина е! Затоа уживајте колку што можете и додека можете! Оставете ги предрасудите“, напиша Неда во описот на фотографијата со која ги воодушеви своите бројни фанови.
Таа откри и дека нејзината внука ја направила фотографијата, а под неа доби голем број коментари на сметка на својот изглед.
„Секоја чест Недо, навистина изгледаш совршено“, „Ете, тоа е добра генетика“, беа само некои од коментарите.
Инаку Неда има една ќерка, Јелена Билбија Миновиќ која е успешна успешен маркетинг директорка и сопственичка на еден познат салон за убавина во Белград. Таа не сака јавно да се експонира во медиумите и затоа многу ретко можеме да ја видиме во јавност.
Неда од неа има три внуци – близначките Александра и Неда, и внукот Душан.
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден