Новости

Неда Украден рента вила за туристи со длабоки џебови – и од сумата и од раскошот ќе ви се заврти во главата

Advertisement

Познатата пејачка Неда Украден неодамна изгради луксузна вила на парцела до нејзиното родно место кај Имотски во Хрватска.

Овој раскошен имот не е само за семејно уживање, туку е достапен и за сите туристи со длабоки џебови.

Advertisement

Цената за изнајмување на оваа вила започнува од 2.377 евра па нагоре, во зависност од должината на престојот и периодот од годината.

Неда решила изнајмувањето на својата вила да ѝ го препушти на една хрватска компанија која веќе ја рекламира на својата официјална веб-страница.

Advertisement

За висока цена, туристите кои ќе се одлучат да го поминат одморот во оваа вила можат да добијат бесплатни постелнини, пешкири, генерално чистење, а во цената се вклучени и сите комуналии.

Меѓутоа, за да ја резервираат вилата, гостите мора да остават депозит до 500 евра.

Вилата се огласува како имот со пет спални соби, бесплатен приватен паркинг, гаража и бесплатен интернет. Опремен е со сите потребни елементи за семејства со мали деца, а гостите имаат на располагање кујни, дневни соби, тераси со врвен квалитет, како и ситници кои живот значат – машина за перење, микробранова печка, кафемат.. .

Вилата има и бањи, некои со када, некои со туш. Има камин, телевизори во собите и многу други удобности.

За целосно уживање, терасите имаат лежалки, лулашки, градинарска кујна со скара, а има и мало игралиште за најмладите, како и просторија за рекреација за постарите.

Неда мислеше на се, па обезбеди и сатенска постелнина. Базенот може да се загрее, а во понудата е када за хидромасажа (џакузи), како и велнес сала со сауна.

Оваа вила се наоѓа на само половина час возење од прекрасните плажи на Макарската ривиера, додека во близина е и познатото Сино езеро Имот

Неда не можеше да се контактира, но очигледно е дека вложила многу труд и грижа за изградбата на оваа убава палата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button