Неда Украден откри интимни детали од љубовта со Саша Поповиќ – НАЈУБАВИТЕ ДЕНОВИ од животот ги поминала со него?!
Популарната фолк-пејачка Неда Украден во својата автобиографија си ја отвори душата…
Неда во тоа време беше една од најубавите пејачки во Југославија, а како што самата опиша во својата автобиографиска книга, заради врската со Саша Поповиќ, и Лепа Брена и’ завидувала…
Познатата пејачка на народна музика, Неда Украден, во книгата наречена „Зора је сванула“ пишува за бројни интересни работи од нејзиното минато, а многумина се посебно заинтересирани за нејзиниот љубовен живот.
Како што таа самата опиша, еден период од животот поминала со Саша Поповиќ, а за нивната љубов имаше само убави зборови.
„’Морав да бидам начисто, дали ти мене, Неки, ме сакаш или не?’ ја запраша директно, така што не можеше подиректно. ‘Аууу, па ти заради тоа дојде во четири наутро.. Да го слушнеш одговорот! Тоа можев и преку телефон да ти го кажам! Не требаше да трошиш пари за гориво и цвеќе’, се обидував да бидам духовита и малку да го насмеам. Но тој ме гледаше смртно сериозен. До тогаш таков го немав видено. ‘Значи не ме сакаш. Во ред, тоа и сакав да го слушнам’, кажа одлучно, стана и тргна кон вратата. ‘Ало, каде ќе одиш? Каде тргна?’, брзо застанав пред него бидејќи видов дека ѓаволот ја однесе шегата и дека така изморен, во самата зора, ќе си замине. Го гледав во очи и му изговорив, гласно: ‘А што ако ти кажам дека те сакам? Што сега?’ Стоевме покрај вратата како две остарени деца кои нешто се инаетат и ја префрлаат вината од еден на друг. Покрај вратата, тажни, скиснати фаци, ми изгледше уште помалечок, некако како детенце, како покиснато маченце“, го опиша Неда својот колега во книгата.
Тие сепак по некое време ќе одлучат да се разделат, најмногу заради разликите во нивните карактери.
Но додека беа во љубов, Неда важеше за една од најубавите пејачки во цела поранешна Југославија.
Таа во тој период од кариерата блескаше, и на секое свое појавување никого не оставаше рамнодушен.
Потсетуваме, откако Неда ја објави книгата, Саша откри дали таа навистина била фатална за него и дали Брена и била љубоморна.
„Тоа што таа го напиша, го напиша, но јас велам дека не беше баш сé така. Брена никогаш не беше љубоморна на Неда, тоа беше врвот на нашата популарност. Кој би можел да ја замени Брена тогаш? Никој, единствено Тито, иако и Неда беше тогаш многу популарна“, искрено одговори Поповиќ.
Инаку, Поповиќ веќе долги години е во брак со пејачката Сузана Јовановиќ. Тие се запознале во 1996 година, на снимањето на еден нејзин спот. По кратко време започнале врска, која ја крунисале со брак во 1997 година.
Тие веќе долги години се во хармоничен брак, а нивните деца ги воспитаа да бидат скромни, вредни и добри луѓе.
Сузана од претходниот брак го има синот Даниел, а со Поповиќ ја имаат 23 годишната ќерка Александра.
Сузана досега повеќе пати отворено зборувала во медиумите дека Поповиќ на нејзиниот син од првиот брак му е како биолошки татко. Тие оваа година му направија и свадба за која со денови се зборуваше.
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден