Реклама
Наши ѕвезди

Неда Украден итно тестирана на корона – резултатот сама го објави на социјалните мрежи, еве што им порачаа на фановите!

Реклама

Пејачката Неда Украден на својот профил на Инстаграм објави дека мора итно да направи тест за вирусот корона.

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

За среќа, резултатите од тестот беа негативни, па пејачката успеа да патува таму каде што планирала, со оглед дека објави фотографија од својот автомобил.

„Збогум. Живот во ерата на короната, се вратив во живот“ – напиша пејачката, меѓу другото, со објавување на својот негативен резултат на тестот.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Неда Украден

Инаку, Неда неодамна се најде во центаот на вниманието со нејзиниот апел и музичарите да добијат помош од државата

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

Откако пејачката се произнесе со идејата дека пејачите треба да добијат помош од државата за време на вонредна состојба поради пандемијата со вирусот корона, некои нејзини колешки не се согласија со овој став.

Маркетинг

„Што ќе ни се субвенции на нас пејачите, нека им дадат на најранливите. Има толку многу болни деца и социјални случаи на кои навистина им е потребна помош“ – истакна Мира Скориќ и додаде дека оние што заработуваат најмногу пари се оние што најмногу се жалат.

„Ќе има пари и настапи, но сега сите треба да се стиснеме и да заштедиме малку“ вели таа.

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

„Финансиската состојба е добра за мене, затоа не барам помош од државата. Имам компанија на свое име и не останав со празен паричник. Но да не се лажевме, би ми одговарало ако државата ги намали даноците додека трае пандемијата“ – се сложи со неа Гоца Тржан и продолжи.

Фото: Инстаграм/ Гоца Тржан

„Ниту јас, ниту пак некој од моите колеги работи некаде во овие моменти, па добро би било ако платиме и помалку даноци. И тоа не треба да важи само за нас пејачите, туку и за сите граѓани. Не знам зошто Неда бара пари од државата, не верувам дека останала без денар“ изјави тогаш таа.

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

Повеќе за ова прочитајте во продолжение

Поврзано

Back to top button