Реклама
Наши ѕвезди

Неда Украден во младоста била во врска со еден од најмоќните луѓе во шоубизнисот – ОВАА тајна речиси никој не ја знаеше

Реклама

Малкумина за оваа епизода од нејзиниот љубовен живот

Фото; Инстаграм/ Неда Украден

Фолк-пејачката Неда Украден важи за една од најголемите ѕвезди од поранешна Југославија. Таа е една од оние жени на кои ни времето не може да и стори ништо, па затоа трае и денес, а податоците дека продала повеќе од 2 милиони плочи од 60-тите, зборува многу за неа.

За љубовниот живот на пејачката, на чија убавина не и наштетија ни годините, постојано се пишуваше во југословенскиот печат, и не се споменуваше само името на нејзиниот поранешен сопруг, Милан Билбија.

Маркетинг

Во осумдесеттите години на минатиот век, Неда беше во врска со Саша Поповиќ, кој во тоа време гостуваше низ цела Југославија како член на бендот „Слатки грев“, кој ја следеше и настапуваше заедно со Лепа Брена.

Фото; Инстаграм/ Неда Украден

И како што објавија српските медиуми, Украден и директорот на „Гранд продукција“ биле во врска по нејзиниот развод, а после тоа Поповиќ започнал врска со Зета Петровиќ, пред да скокне во тавче со Сузана Јовановиќ.

Маркетинг

Инаку, Неда неодамна се потсети на својата младост, како и на поранешниот сопруг, Милан Билбија, кога објави фотографии од почетокот на кариерата што ја направи тој.

„Бидејќи технологијата се повеќе се модернизира, фотографиите уште од младоста секогаш се омилен спомен! И посебено што ги направи мојот поранешен Милан Билибија! П.С. без фотошоп“ – напиша тогаш познатата пејачка под објавата.

https://www.instagram.com/p/B-UJZWKg71l/?utm_source=ig_embed

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button