Важеше за една од најубавите и најдобрите актерки во поранешна Југославија
„Сопругот на Неда Арнериќ е роден на денот кога актерката не напушти“, открива нејзин пријател и соработник.
Нејзин колега откри дека актерката го изгуби животот на денот на роденденот на нејзиниот пoчинaт сопруг.
Актерот Феџа Стојановиќ за Ало изјави дека Неда Арнериќ, чие тело во петокот беше пронајдено во безживотна состојба во нејзиниот стан, го изгубила животот на денот кога е роден нејзиниот сакан Милорад Мештеровиќ.
Таа со него беше повеќе од три децении во брак, а тој својот живот го изгуби во декември 2018 година.
„Неда не напушти на денот кога е роден нејзиниот сакан Миша. Неговата долга и тешка болест ја скрпи, а неговото заминување потполно ја изгаси“, изјави Стојановиќ кој со Неда се познава целиот нејзин живот.
„Не можеше да се помири со губитокот на сопругот, кого го сакаше неизмерно. Исто така не можеше да се помири и со минливоста на животот, славата, популарноста… Се чувствуваше како да е заборавена. Јас и зборував дека тоа е нормално, но ете… Не сме сите направени од ист материјал“, изјави Стојановиќ за порталот Ало.