Блазеси ви ако партнерот ви е во овој хороскопски знак.
Мажите во знакот на Овен се многу темпераментни и не избираат средства за да ја освојат жената која им се допаѓа. Тие не се грижат за туѓото мислење и најчесто доаѓаат до нивната цел, бидејќи тие се упорни и духовити.
Тој е подготвен и во сред ноќ да ја изненади својата сакана појавувајќи и се пред врата само за да ја гушне силно.
Тие сакаат да доминираат, да бидат апсолутни владетели на женското срце, но се слаби на женските солзи. Тој има неверојатен авантуристички дух и е подготвен да плови во непознати води.
На мажот во знакот на Овен потребен му е некој кој ќе му одговара во романтичниот ентузијазам. Сепак, за да го задржите вниманието на Овенот, мора да бидете енергични и возбудливи како што се тие.
Луѓето родени во знакот на Овен се многу страсни и обожаваат авантура. Кога огнот гори, тој навистина гори.