Неговата убавица слави роденден – еве како Горан Пандев ѝ честиташе на својата принцеза
Честитки пристигнуваат од сите страни.
Пандев сподели фотографија од својата принцеза.
Еден од најдобрите фудбалери кај нас и во светот, Горан Пандев соопшти прекрасна информација.
ФОТО: Инстаграм / Горан Пандев
Пандев е роден во Струмица, каде денес и понатаму живее неговото семејство.
Инаку, популарниот фудбалер Горан Пандев ретко објавува фотографии од семејството на социјалните мрежи, но секако дека постојат и исклучоци од кои можеме да видиме како изгледаат веселите семејни моменти на македонската фудбалска легенда.
ФОТО: Инстаграм / Горан Пандев
Тој од 2009 година е во брак со прекрасната Надица Хаџи-Скерлева, која исто така е родум од Струмица и со која има три дечиња – синот Филипо, ќерката Ана и најмалата Софија која се роди во 2018 година.
Нивната љубовна приказна започнала уште кога биле нгу млади, а трае до ден денес.
ФОТО: Инстаграм / Горан Пандев
Отсекогаш посакувале трето дете и таа желба им се остварила со раѓањето на малата Софија.
На 23 јули нивната најмала убавица го прослави 6-иот роденден, а по тој повод Пандев сподели нивна заедничка фотографија на Инстаграм и јавно ѝ го честиташе овој посебен ден за неа.