Неговата сопруга е вистинска убавица- Николовски уште како млад влегол во политиката, на 22 години станал пратеник во Собрание
Македонскиот политичар во едно сосема поинакво светло, откри детали од својот приватен живот.
Во политиката влегол многу млад, а на само 22 години станал пратеник во македонското собрание.
Пратеникот и потпретседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски откри детали за приватниот живот.
Тој откри дека е роден во Охрид, но го сака и Скопје.
Во емисијата „Магазин“ на Сител тој открива и дека е чест гостин во Охрид и дека оди речиси секоја недела.
-Дома одам да одмарам, да се дружам со пријателите, да шетам, летно време тука е езерото, капење, пловење по езерото. Има еден интересен период во пролет и есен, тоа се месеците мај и октомври, па и ноември зависи какво ќе биде времето кој е преубав за прошетки на планината Галичица. Ја сакам и Преспа и мислам дека не е откриена многу, особено тој дел кон Баба планина, често знам да скокнам и до таму, вели Николоски.
Вели дека обожава прошетки и често знае да патува и до Преспа.
Како средношколец се преселил во Скопје, четврта година средно ја завршил со многу изостаноци бидејќи бил претседател на средношколска унија на Македонија, па поради тоа често бил во Скопје.
Во основно училиште се занимавал со таеквондо, а во средно одел во теретана. Се занимавал со играње баскет, но имал повреда и престанал, па сега често пешачи.
Вели дека обожава кошарка и тенис и омилен тенисер му е Роџер Федерер, открива Николовски во „Магазин“.
Тој раскажа и дека сопругата со кого е во брак три години му помага околу изборот на облека.
Николоски вели и дека најчесто наутро тој го прави утринското кафе и заедно го пијат со сопругата.
-Помагам и околу домашните обврски, пред два три дена вклучив и правосмукалка, не е тоа ништо страшно. Јас знам да готвам, да пеглам и да исчистам и тоа не е некаква научна фантастика. Не мислам дека треба да се делат работите на машки и женски, вели Николоски.
А еве како изгледа неговата преубава сопруга, која се чини дека е вистинска среќничка!