Невиден cкандал во Ѕвездите на Гранд – кандидатката беше згрозена од однесувањето на жирито, не требаше да го слушне ова!
Нема никогаш да го заборави ова…
Младата српска пејачка Зорја Пајиќ, која се натпреваруваше и беше една од најдобрите во минатогодишната сезона од „Ѕвездите на Гранд“, во последното интервју се потсети на своето учество во ова популарно шоу.
„Тоа за мене беше многу стресно. Не плачев, но постојано бев под тензија, па се чувствував изморено и психички и физички. Сега кога е Цеца и ми е жал, но и не ми е што не се натпреварувам сега. Не ми е жал бидејќи сум среќна каква беше мојата сезона и како се претставив, а повторно ми е жал бидејќи имав прилика да ја запознам и баш е слатка“, изјави Зорја за „Хепи“.
„Ја запознав додека ја снимав песната. Тогаш ми кажа дека сум преубава“, изјави пејачката со насмевка на лицето.
Таа потоа се потсети и на скандалот кој одекна како бомба кога во една емисија Вики Миљковиќ, мислејќи дека микрофонот е исклучен, им кажува на членовите на жирито да гласаат за нејзиниот кандидат, а не за Зорја, што таа го слушна дури откако спорната емисија беше емитувана.
„Луѓето веднаш почнаа да ми се јавуваат. Тогаш започна тој прочуен таг 19.01. Под него тогаш имаше преку 1000 коментари“.
„Тоа навистина беше една непријатност. Тоа случајно се случи. И што да правам во врска со тоа?! Не бев лута, но бев повредена. Тоа сега не е ни важно. Селим имаше повеќе гласови од мене во тој круг, а јас по првиот круг секој следен одев во бараж, така што одвај дојдов до финалето“, изјави Зорја потсетувајќи се на немилиот настан.
„Не знам зошто не ме сакаат, ни зошто не ме сакаат колегите. Ете, кога ја правеа журката, само мене не ми се јавија. Но, гајле ми е“, заклучи таа.
Инаку, Зорја додека траеш шоуто, најмногу се дружеше со младата пејачка од Македонија, Марија Груевска.
Тие двете во последните неколку сезони важеа за едни од најдобрите кандидатки, а и двете постигнаа значителен успех.
И денес се дружат, а видеото каде заедно пеат песна од Марија Кири се уште се врти на социјалните мрежи.