Честитки пристигнуваат, Александра имаше прекрасна причина за славење.
Водителката Александра Пановска Илиевска долги години е дел од ТВ етерот и досега има работено на повеќе проекти, на различни телевизии.
ФОТО: Инстаграм / Александра Пановска Илиевска
Неколку години по ред та е дел од утринската програма на Канал 5 телевизија.
Александра не сака својата кариера да ја гради врз бза на афери и скандли и е една од малкуте водителки кај нас, кои зрачат со скромност и смиреност.
ФОТО: Инстаграм / Александра Пановска Илиевска
Пред камерите е вистинска дама, секогаш трпелива со гостите.
Но, Александра и приватно е таква.
Посветена е на своето семејство, односно сопругот Александар и ќерката Сара.
ФОТО: Инстаграм / Александра Пановска Илиевска
Секој слободен момент таа се труди да го помине со нив.
Деновиве Александра и нејзиниот сакан имаа прекрасна причина за славење.
Парот прослави 8 години брак, а по тој повод водителката сподели фотографии од нивната свадба кои пошироката јавност ги немаше видено.
ФОТО: Инстаграм / Александра Пановска Илиевска
Александра за оваа приликa одбрала необичен модел на невестински фустан, во вид на сирена и остри агли кои одлично ја истакнуваат нејзината фигура.
Младоженецот пак носи светл син костум, кој одговара на бидермаерот на невестата.
„Осум години брак. Дваесет години љубов“, стои во описот на фотографиите.