Реклама
LIFESTYLEВирално

Невеста на свадбените чевли пронашла порака од покојната мајка

Реклама

Ема Јанг од Лестершир во Англија се вери во 2016 година. Таа се надеваше дека нејзината мајка ќе биде со неа на нејзиниот најголем ден во животот.

Иако нејзината мајка храбро се бореше со  ракот на белите дробови , таа почина во 2017 година,  пред да се одржи венчавка на нејзината ќерка, во август 2019 година .

Маркетинг

Минатата недела, Ема беше среќна кога ги прими по пошта свадбените чевли кои и беа подарок  од нејзината мајка.

На чевлите била испишана тајна порака.

Маркетинг

„Сакав да добиете подарок од мене за вашата свадба. Твоите  свадбени чевли се подарокот. Се надевам дека ова ќе биде волшебен ден за вас. Многу, многу љубов и големи прегратки, твојата мајка xxx – пишува во пораката.

По добивањето на подарокот, 38-годишната невеста беше преплавена со емоции. „Почнав да плачам. Не можев да дишам, не можев да зборувам. Беше толку тешко да се планира свадба без неа, рече Ема.

Ема им откри на медиумите дека нејзиниот младоженец, Ричард, знаел за изненадувањето, иако чевлите „од небото“ беа апсолутен шок.

По дијагнозата, лекарите ѝ рекоа на Ема дека на нејзината мајка и преостанува уште 1-2 години живот. Таа почна да пишува писма до членовите на семејството, но одеднаш почина пред да го напише писмото токму за Ема.

https://www.facebook.com/LaceandLoveshoes/posts/2765669143451058

Чевлите биле нарачани од продавницата за обувки „Lace and Love” и беа дизајнирани од Аманда Вајс, која вели дека протисокот бил силен, бидејќи невестата ги нарачала, а по некое време мајката тајно контактирала со дизајнерката и ја замолила да напише тајна порака на платформата на долниот дел на чевлите.

„Беше прекрасно да се биде дел од оваа приказна со овие чевли. Бевме особено внимателни да ја зачуваме тајната дека нејзината мајка ги нарача чевлите и им додаде тајна порака – вели Вајс за „Fox News“.

Иако венчавката на Ема ќе биде за неколку месеци, приказната стана хит на социјалните мрежи и допре до стотици срца.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button