Невестата на министерот изгледаше како принцеза од бајките – ПОГЛЕДНЕТЕ ги тoртата, раскошната венчаница и првиот танц
Младиот министер Благој Бочварски викендов и се зaколна на вечна љубов на својата убава невеста Маринела.
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и неговата поубава половина Маринела Бочварска (моминско Серафимова) овој викенд организираа гламурозна свадба во хотелот Александар Палас на која како гости беа присутни бројни политичари од владејачката партија.
Од фотографиите што испливаа на социјалните мрежи можеме да видиме дека младенците се погрижиле за секој детаљ.
Но она што најмногу привлече внимание беше венчаницата што убавата Маринела ја избра за овој посебен ден.
Во прашање е раскошна креација со вел долг од неколку метри и тесен крој со кој невестата го истакна своето беспрекорно тело.
Венчаницата е со отворен грб и длабоко деколте, а Маринела во неа потсетуваше на принцезите од бајките во нивните раскошни фустани. Косата и беше врзана и подигната во задниот дел, со романтична плетенка која беше замотана како венче и врзана на задниот дел од главата, а невестата целото издание го зачини со дискретен накит.
Министер носеше класично елегантен костум без вратоврска, и цело време не ја тргаше насмевката од своето лице.
Како тие изгледаа на овој посебен ден во нивните животи, но и неколку прекрасни венчаници од најпознатите светски брендови за кои се инспириравме од ова издание на Маринела, погледнете на крајот од овој текст.
Потсетуваме, Благој и Маринела црковна венчавка направија пред почетокот на летото во црквата Св. Никола во Штип.
Невестата и тогаш носеше раскошна венчаница, а како изгледаше и тогаш, погледнете во продолжение:
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Погледнете уште неколку фотки од свадбата:
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм