Невестата блеска во венчаницата додека младоженецот ја гушка – прва фотографија од венчавката на пејачот Дарко Лазиќ
Дарко Лазиќ и неговата избраничка Катарина се венчаа на 8 декември во Нови Сад, пишуваат медиумите.
Венчавката беше само со неколку нивни блиски луѓе, а по неколку дена тие ја објавија и првата фотографија.
Во објавата на социјалните мрежи Дарко покажа колку е среќен, а за тоа зборува и фотографијата од свадбата на ѕидот.
Како што може да се види Дарко за оваа специјална пригода носеше класичен смокинг и машна пеперутка, додека Катарина беше облечена во бека раскошна венчаница со долг вел и изгледаше како принцеза.
Популарниот пејач често објавува заеднички фотографии и видеа со партнерката од кои може да се види колку се вљубени и среќни.
Тој пред овој брак беше во брак со пејачката Ана Севиќ, па беше свршен со Марина Гагиќ, и на крај во долга врска со неговата колешка Барбара Бобак.
Како што пренесува српскиот „Блиц“, наводно Дарко својот стан во Нови Сад во којшто ќе живее со својата нова сопруга наводно и го препишал на неа, а во Белград не планира да се враќа, освен по работа и заради ќерката.
Што се однесува до церемонијата што се одржа во присуство на неколку луѓе, досега многу малце податоци испливаа во јавноста. Тие по венчавката отпатуваа во Австрија, а снимката што ја објави Дарко предизвика лавина од реакции и тоа токму заради врамената фотографија од венчавката.
Пејачот во еден момент ја зумираше и заради нивната реакција, мислењата на фановите на социјалните мрежи се поделени.
Па така додека едни коментираат дека изгледаат преубаво, други се убедени дека во прашање е само маркетиншки трик.
Досега ни пејачот ни неговата избраничка се немаат огласено во врска со нивниот брак, а медиумите објавија дека при склучувањето на граѓански брак не биле присутни ни мајката ни братот на познатиот пејач.
Потсетуваме, мајката на Дарко откри дека слушнала за венчавката, но и дека не разговарала со синот за тоа.
„Слушнав и јас дека во меѓувреме мојот Дарко се оженил. Тие на мене не ми се јавија, навистина не знам зошто. Тоа мора да ги прашате нив двајцата. Тие тоа најдобро го знаат. И на својот брат му се нема јавено недела дена. Што да ви кажам? Тој знае да крие такви работи, а откако е повторно во врска со Катарина, знае и со денови да не ми се јави. Тоа најверојатно таа барала од него да не ни кажува. Секако дека ми е жал што не ме барал на тој убав и среќен ден. Јас слушнав дека се на некое патување заедно, но ете… Најверојатно имале некои поважни луѓе од нас да присуствуваат на венчавката. Тоа е се што имам да кажам“, порача мајката Бранка за српскиот „Курир“.
Редно беше, не се женел цели 6 месеци
Фотографија што кружи на социјалните мрежи, а која најдобро го опишува бурниот љубовен живот на Дарко.
„Е, не ви кажавме. Се ожени Дарко Лазиќ. Па редно беше, веќе шест месеци се нема женето“, пишува на фотографијата што самиот Дарко ја сподели ја социјалните мрежи шегувајќи се на своја сметка.
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ